Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: Уништувањето билборди е само доказ дека СДСМ е во страшна паника

Објавено пред

Палењето и бојадисувањето билборди е само доказ дека СДСМ е во страшна паника и не сака граѓаните да ја видат реалноста, посочи на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата потврди дека билбордот во Ѓорче Петров е уништен од активист кој може често да се забележи во друштво на Зоран Заев, да се забележи во друштво на Оливер Спасовски и да се забележи исто така во друштво на Стево Пендаровски“, истакна тој.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека уништувањето приватен имот е казниво, а како што рече, додека Заев се крие зад политичкиот имунитет, неговите послушници се соочуваат со санкции.

„Ова се очајни обиди за спас од одговорност. Промена на власта ќе има, а Зоран Заев ќе мора да одговара. Со ваквите негови насилнички одлуки само вовлекува дополнително и други луѓе. Колку и да се трудат, не може да ја скријат вистинската слика за нив и за Зоран Заев. Криминалот, корупцијата и рекетот што ги прави оваа власт не може, а да не бидат видени од јавноста во Република Македонија“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека сторителите на вандализмот, но исто така и нивните нарачатели, треба да знаат оти одговорност ќе има.

Соопштенија

Митовски: Црешево и Смилковци ги враќаме на мапата на развојот

Објавено пред

Од

Актуелниот градоначалник цел мандат ги остави Црешево и Смилковци во пустош и заборав. Без ниту еден капитален проект, без инвестиции, без елементарни услови за живот. Времето на неработа, запоставеност и игнорирање на овие населени места завршува. Таа слика ќе се промени во мандатот што следи, затоа што мојата визија е јасна – рамномерен развој на сите населени места во Општина Гази Баба, изјави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски.

dobivaj vesti na viber

„Во Црешево ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од дополнителни 300 кубни метри, ќе се доврши фекалната канализација, а краците од улица 3 ќе бидат конечно асфалтирани и санирани. Ќе ја замениме целата водоводна линија од препумпната станица во Железара до резервоарот во Црешево во должина од 6 километри, ќе изградиме нова бушотина за зголемен доток на вода, ќе го осветлиме регионалниот пат Црешево–Стајковци и ќе изградиме пешачка патека по целата должина. Дополнително, ќе изградиме и прочистителна станица за фекални води. Во Смилковци исто така ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од 300 кубни метри, ќе ја довршиме фекалната канализација и ќе ја замениме целата водоводна линија во должина од 3,5 километри. Ќе се изгради нова бушотина, ќе се прошири патот и ќе се направи пешачка патека од Смилковци до Црешево, а краците од улица Павле Божинов конечно ќе бидат асфалтирани. Во недела, гласот за број 5 е глас за реализација на овие проекти, за секој дом, за секој од вас, за модерна и развиена Општина Гази Баба“, рече Митвоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски: Центар е инклузивна и хумана општина, вложуваме во луѓето и нивните потреби

Објавено пред

Од

Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, најави дека Општина Центар и во следниот период ќе остане посветена на инклузивноста, преку проекти и програми за поддршка на ранливите категории граѓани и создавање еднакви можности за сите.

dobivaj vesti na viber

Тој кажа дека во областа на образованието, Центар е единствената општина во државата која од сопствен буџет ангажира лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби.

„Преку проектот ‘Образование за сите’ ангажираме лични асистенти во основните училишта, со што на децата им овозможуваме поддршка во учењето и подобра интеграција во наставниот процес. За оваа намена од буџетот годинава издвоивме 4. 400. 000 денари“ истакна Герасимовски.

Дополнително, додаде тој, училиштата и градинките во Центар се уредени со инклузивен пристап и сензорни соби наменети за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.

Герасимовски рече дека Општината обезбедува и бесплатен транспорт до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост.

„Ова е исклучително важна мерка за лицата кои не можат самостојно да се движат, но и за нивните семејства. За оваа услуга годишно издвојуваме 500.000 денари од општинскиот буџет, со цел да им го олесниме пристапот до здравствените установи за да добијат потребните услуги,“ додаде Герасимовски и потсети дека во рамки на локалната самоуправа активно функционира и Центарот за дневен престој за лица со попреченост, каде се обезбедува стручна грижа, поддршка и активности наменети за развој, едукација и социјализација.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ѓорѓиевска: Водевме кампања со визија, проекти и со дела

Објавено пред

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела. Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово, рече таа.

dobivaj vesti na viber

„Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи реални резултати, а не празни ветувања“, нагласи Ѓорѓиевска.

Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. „Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.

Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, ново отворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.

Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот“, потенцираше носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.

Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места. „Излезете и поддржете нè затоа што зад нас стои визија, систем и тим што работи за Вас, не за лични интереси. Поддржете нè затоа што знаеме како, затоа што ве слушаме и затоа што сме дел од вас. На 19 октомври изберете стабилност, искреност и дела. Гласајте за број 2 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, повика Ѓорѓиевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово,...

Македонија2 часа

(Видео) До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од избирачите

До ДИК, до 11 часот и 15 минути не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале...

Македонија3 часа

Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Македонија4 часа

(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа...

Македонија4 часа

(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки...

Свет4 часа

Откриен новиот услов на Путин за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побара целосна контрола врз Донецк, стратешки...

Македонија5 часа

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа5 часа

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...

Uncategorized6 часа

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на...

Свет6 часа

Хамас предаде уште две тела на заложници, израелската армија идентификуваше едно

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа телото на еден од заложниците вратени од Хамас како дел од договорот за прекин...

Македонија6 часа

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија22 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ1 ден

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија1 ден

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија1 ден

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија1 ден

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион2 дена

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...