Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: 26-годишно момче доби милионски монопол од Спасовски, а неговата фирма била стара само 7 дена

Објавено пред

Ново во низата скандали во режија на СДСМ е доделувањето лиценци за вршење испити за возачки дозволи. Овој бизнис, кој на подрачјето на Скопје му го даваат на 26-годишно момче, е чист монопол, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Сите кои на територијата на градот имаат намера да полагаат за возачка дозвола од која било категорија, ќе му плаќаат на ова момче, за коешто не се знае ниту дали има возачка дозвола ниту, пак, од кога е возач. Ова момче треба да ја организира работата на комисиите од кои ќе зависи безбедноста во сообраќајот. Станува збор за бизнис од преку 6 милиони евра за 5 години. Со потпис на Спасовски, власта додели лиценца за полагање возачки испити на фирма формирана само 7 дена пред да биде распишан конкурсот, а дисквалификуваше фирми со долгогодишно работно искуство во оваа област“, рече тој.

Според Ѓорѓиевски, фирмата „Авто испитен центар“ – Скопје, формирана на 19.06.2018 година, на само 7 дена пред МВР да го објави конкурсот за возачки испитни центри, на 25.06.2018 година, од страна на 26-годишното момче, според МВР на Спасовски е покомпетентна за спроведување теоретско и практично тестирање за возачки испити од фирмите Авто-мото сојуз, АСУС „Боро Петрушевски“, ПСС и Авто Македонија, коишто се со децениско искуство во оваа област.

„Кои квалификации ги имала оваа фирма за да го добие овој бизнис? Како е вршено бодувањето и кој го вршел изборот на истата? Никаде во демократскиот свет, во ЕУ и НАТО, кон кои се стремиме, државни тендери за извршување работи за издавање потврди од кои зависи дали некој ќе добие јавна исправа или не не добиваат фирми кои немаат никакво искуство во оваа област“, рече тој.

Соопштенија

Каранфилова-Пановска: Поддршка за локални фестивали, манифестации и обнова на домови на културата во Битола

Објавено пред

Од

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска и кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, денеска остварија средба со културните работници од Интимен театар во Битола.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој и унапредување на културата во градот на конзулите.

„Програмата на СДСМ за Битола, во делот на културата предвидува поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и културно-уметнички друштва, обнова на поранешните домови на културата во руралните средини“, рече Куновски на средбата, додавајќи дека под покровителство на градоначалникот ќе се врати традицијата Средба на Егејците во Трново.

Тој истакна дека новата локална самоуправа во Битола редовно ќе ги одржува спомениците од НОАВМ и партизанските гробишта, а планирано е поставување спомен-обележја на истакнати битолчани, како Ајри Демировски, Коста Хаџи-Антоновски, Јанаки Манаки, Димитар Илиевски Мурато и други.

„СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола. Со поддршка на локалните уметници, културните манифестации и заштита на богатото културно наследство, културата ќе биде двигател на развојот и гордост на градот“, истакна на средбата во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

Објавено пред

„СДСМ и Методија Куновски во својата програма имаат конкретни одговори за проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и за создавање нови можности за развој,“ истакна заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, на денешната средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, заедно со кандидатот за градоначалник, Методија Куновски.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој на Битола, која опфаќа соработка и комуникација со бизнис-заедницата, подобрување на деловната клима и намалување на административните бариери, дигитални услуги за фирмите, субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност, инфраструктурна поддршка, јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи, општински фонд за жени претприемачи, партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.

„Покрај соработката со бизнис секторот, во нашата програма програма меѓу приоритетите се руралниот развој и поддршката на земјоделството, рече Куновски, најавувајќи поддршка за агротуризмот, одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг, развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.

СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворање нови работни места и создавање подобри услови за компаниите во Битола“, порача заменик -претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Митески: Фотоволтаици на секоја зграда и куќа во Аеродром, инвестиција за еколошка иднина

Објавено пред

Секој покрив во Аеродром има потенцијал за зелена енергија и финансиска придобивка за граѓаните, вели Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ. 

dobivaj vesti na viber

„Создаваме системско решение кое ќе значи поставување на фотонапонски централи на крововите во Ареродром и на тој начин граѓаните да добијат можност, преку искористување на овој потенцијал да ги реновираат фасадите, лифтовите, да заменат прозорци, да ги реконструираат крововите.

На овој начин создаваме побезбедна, по еколошка и попријатна животна средина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија24 минути

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија5 часа

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија6 часа

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија7 часа

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија7 часа

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија7 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ7 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет10 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа10 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа10 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет10 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа11 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија19 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија23 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија24 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија24 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија1 ден

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ1 ден

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...