Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев: Членови на партии кои беа дел од власта преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, оствари средба со раководства од повеќе политички партии кои, како што кажа, до пред извесно време биле дел од власта, а сега преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

dobivaj vesti na viber

„Овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија“, посочи Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порача дека патијата останува отворена и ги повика граѓаните да се придружат во борбата против власта и во борбата за обнова на Македонија.

Соопштенија

Малодушноста на беровските локални власти

Објавено пред

Колумна на проф д-р Јове Кекеновски

dobivaj vesti na viber

Во време кога повеќето села во Македонија тивко умираат, кога културното ткиво се кине, секој искрен обид за враќање на животот треба да се слави како национален празник. Но, за жал, во општина Берово сведочиме на спротивното: на рамнодушност, на студенило и на малодушност што срами.

Владимирово, мало село со големи луѓе, покажа што значи љубов кон корените. Таму, на иницијатива на Културниот центар „Горан Алачки“, ЗВИС – здружение за владимирски илинденски средби и Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, старата сала на задружниот дом е реновирана и беше именувана по светскиот диригент Ванчо Чавдарски, гордост на владимирци, на Берово, на Република Македонија. Целта на овие ентузијасти е полека да го враќаат животот во своето огниште. За неполн месец таму ќе се одржи првиот фолк-фестивал на македонски народни песни „Владимирово 2025“.

И кога требаше сите да бидеме заедно – кога се славеа културата, музиката, историјата, споменот на најголемиот македонски диригент, достоинството – локалните власти на Берово се скрија. Градоначалникот и Општината не само што не беа заинтересирани за овој настан туку и не ги удостоија своите сограѓани ни со својата присутност на отворањето на салата „Ванчо Чавдарски“ . Ни со гест, ни со збор, ни со почит. Кога настан со учество на оперскиот великан Борис Трајанов, Камерниот оркестар на скопските солисти на чело со професор Васил Атанасов, диригентот Ангел Спировски и други врвни уметници и вљубеници во Македонија и македонската музика и култура останува игнориран од највисоките локални власти, тоа не е случајност. Тоа е срам. Тоа е лична и колективна локална и морална катастрофа.

Локалната власт на Берово со својот молк ни порача едно: дека не ја чувствува својата општина, не ги чувствува своите луѓе. Заборавија дека функцијата обврзува – на љубов, на присутност, на служба и почит кон оние што ти ја дале довербата. И поради тоа, ми се наметнува едно болно прашање: како дојдовме до таму што вакви и слични персони ги поставивме на тронови, места што треба да бидат двигатели на заедницата? Како дозволивме да избираме функционери што ја губат суштината на служењето уште од првиот ден по изборите?

Одговорот е тежок, но јасен: тоа е резултат на секој наш молк, на секоја прифатена неправда, на секоја изговорена флоскула ‘сите се исти’ и ‘ништо не се менува’, на она што ни е наметнато. Тоа е резултат на секое рамо слегнато во апатија, на секој пат што го изгубивме кога не стоевме за правдата, кога не го поддржавме она што е вистински важно. А токму на вакви настани, токму на вакви обиди за воскреснување на духот, на настан што обединува луѓе од цела Македонија, настан што носи нова енергија во напуштените простори, се гледа кој е човек, а кој само функција.

Кога првиот човек на општината не може да препознае ваков настан во неговиот двор, тоа е знак дека таа функција одамна е саможивна, бирократизирана и отуѓена од сè.

Но, во секој случај, Владимирово одржа сериозна лекција што мора да остане запаметена: дека културата и љубовта кон татковината не молат за дозвола. Тие се создаваат.

Затоа поучен од овој настан упатувам јавен апел до сите градоначалници и советниците во локалните самоуправи – „Вашата позиција не е само чест, туку и огромна одговорност. Секој ден носите одлуки што влијаат на животот на вашите граѓани. Не дозволувајте рамнодушноста и суетата да ја дефинираат вашата работа. Не смеете да помислите да дозволите да се игнорираат иницијативи кои го враќаат животот во вашите општини? Не смеете да останете пасивни и рамнодушни пред луѓето кои со своите активности ги збогатуваат вашите локални заедници? Граѓаните не ви дадоа доверба за да се криете од нивните потреби. Тие очекуваат резултати. Очекуваат посветеност. Очекуваат дека ќе бидете гласот на заедничките интереси, а не бариери што ги задушуваат добрите идеи. Секој пат кога не ги поддржувате културните и други иницијативи, кога не покажувате свој личен интерес за важни настани, кога не вложувате во општинскиот живот, вие не само што ја губите довербата на вашите сограѓани, туку и ја намалувате вредноста на вашата институција. Немојте да бидете локални лидери само во свое име. Бидете лидери со дела.

И за крај – не, ова не е пораз на Владимирово. Ова е победа на владимирци. Победа на љубовта над рамнодушноста. Победа на идејата дека Македонија ќе живее не благодарение на самобендисаните политичари, туку благодарение на луѓето што знаат што значи да се сакаат своето и своите.

ПР

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Повик за македонските стартап-тимови: компанијата „Моцарт Србија“ го почнува четвртиот циклус на стартап-програмата „Универзум“ – пријавете се!

Објавено пред

Универзумот продолжува да се шири! Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мај на следниот линк.

dobivaj vesti na viber

Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.

Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.

Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.

Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:

· Специјализирани и прилагодени едукации

· Работа со посветени ментори

· Бесплатно користење на coworking простор

· Разни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.

Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.

Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со

инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.

Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонскиот политиколошки форум објавува повик за доставување трудови

Објавено пред

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата.

dobivaj vesti na viber

Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум.

 

Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот повик.

Сите заинтересирани имаат можност да испратат свој труд (индивидуално или група автори) најдоцна до 15 ти Мај 2025 година. Трудовите треба да ги исполнуваат условите наведени во повикот.

 

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија2 часа

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Македонија3 часа

„Како Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“, СДСМ најави нов скандал

СДСМ извести дека денеска ќе објави нов скандал, поткрепен, како што велат и со видео докази, „како Панче Тошковски и...

Свет4 часа

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет5 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет5 часа

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет5 часа

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет6 часа

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...

Свет6 часа

Северна Кореја потврди: Нашите војници се борат за Русија во војната против Украина

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба...

Македонија19 часа

Таравари отиде во Турција каде ги посети пациентите од трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од...

Македонија21 час

Премиерот уверува дека Владата е стабилна и силна

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која...

Македонија23 часа

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен...

Свет1 ден

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили...

Македонија1 ден

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор...

Свет1 ден

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан....

Свет1 ден

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе...

Македонија2 дена

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија....

Свет2 дена

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија2 дена

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет2 дена

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциско пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...