Соопштенија
ВМО-ДПМНЕ:Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна
Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна.Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот. Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.
,,Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.
Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.
Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. Одговорност, мора да има. Заев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот.Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија”, додава партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ЗНАМ: Вложуваме во повеќе паркови и зеленило, инвестираме во здрава иднина на граѓаните

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, денеска ги претстави приоритетите од изборната програма за идниот мандат во Куманово посветени на подобрувањето на животната средина со повеќе паркови и зеленило.
„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот. Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите“ изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ Душан Крстиќ.
Тој нагласи дека Општина Куманово целосно ги реконструираше двата најголеми паркови – Соколанскиот Градскиот парк, исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните. А, за идниот период најавуваат уште позасилено темпо на работа и повеќе десетици проекти. Меѓу кои:
· Изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план.
· Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница.
· Воспоставување катастар на зеленило.
· Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.
Пет нови паркови:
· Изградба на нов парк на влез во с. Проевце;
· Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев;
· Нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана.
· Парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. „Октомвриска револуција“.
· Парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол.
· Збогатување на содржините на Спомен костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација.
· Изградба на урбани зелени скверови на локација Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршеток на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“, на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.
· Нови дрвореди на ул. „Ленинова“, ул. „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), бул. „Октомвриска револуција“, бул. „Трета МУБ“ и на други локации каде има услови.
· Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово.
· Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација.
· Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.
· Пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до с. Биљановце – погодна за развој на детско извидништво.
· Уредување на просторот меѓу ул. „Вараждинска“ и бул. „Октомвриска револуција“ со урбана опрема и зеленило.
· Уредување на државно неизградено земјиште меѓу блок згради на бул. „Октомвриска револуција“, како и во населба Гоце Делчев и Зелен Рид.
· Поставување на систем за наводнување „капка по капка“ на зелени површини долж бул. „Трета МУБ“, бул. „Октомвриска револуција“ и на други зелени површини.
· Поставување фонтани за пиење вода на повеќе локации.
· Поставување јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.
„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани.
Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас“.
Соопштенија
Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, е пораката од вчерашниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во Чучер Сандево.
На митингот присуствуваа и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа партиски функционери.
Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.
Пораката на митингот беше: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.
Соопштенија
Адеми: ВРЕДИ бара гласови за Мицкоски и ВМРО во Љуботен

Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан во историјата на плурализмот: коалиција што се нарекува „албанска“ води кампања за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ — и тоа го прави со гордост, со сервилност и со јавно понижување, тврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
„ВРЕДИ не се бори за гласот на Албанците, ВРЕДИ се бори за својот политички опстанок преку поддршката на својот политички патрон. Во Бутел, во Скопје, каде што Албанците за првпат се обединети околу еден кандидат, д-р Исамедин Азизи, и каде што историјата може да се промени со првата победа на Албанците во оваа општина – ВРЕДИ ја избра другата страна, страната на ВМРО. Нивните лидери денес шетаат низ Љуботен со Христијан Мицкоски и неговиот кандидат Дарко Костовски – човек кој јавно е поддржан од Јохан Тарчуловски, добро познат по своите дела во ова село. Иронијата е уште поголема: оние што некогаш пролееја „крокодилски солзи“ за мачениците од Љуботен, денес бараат албански гласови за кумовите на Тарчуловски. Постои ли поголемо политичко и морално понижување од ова? Ве прашуваме јавно: до каде може да одите? До кое ниво можете да се понижите – само за едно столче без власт?Ако во Гостивар кандидатот на ВРЕДИ отиде на митингот на ВМРО за да моли за нивна поддршка, во Бутел оди целото нивно раководство за да се поклони за еден глас за ВМРО“, рече Адеми.
Според него, ова веќе не е ниту соработка, ниту поддршка туку е политички вазалитет, целосна покорност кон патронот кој им го дава „електоралниот кислород“ за опстанок.
„Тие веќе немаат албански глас, немаат поддршка ниту почит. Наместо да бараат поддршка од Албанците, тие молат за милост од својот македонски патрон.
Затоа ВРЕДИ ја бара својата „спасувачка гума“ кај Мицкоски. Во Љуботен тие не бараат глас за Албанците – туку глас за својот патрон и неговиот кандидат, Дарко. Ова е најјасниот доказ дека ВРЕДИ веќе не претставува ниту еден албански интерес – ниту политички, ниту национален, ниту морален. Во време кога Албанците во Бутел се обединети за историска победа, ВРЕДИ се обидува да го поткопа тоа единство за да му служи на својот патрон, во трката меѓу Дарко и Исамедин. Но, ни гласовите на ВМРО нема да ги спасат – албанскиот народ ќе им одговори онака како што заслужуваат на 19 октомври, со глас, со достоинство и со единство“, вели Адеми.