Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта губи контрола и му се заканува на секој што изразува поинакво мислење
СДСМ е исплашен од граѓаните. Власта губи контрола и му се заканува на секој што изразува поинакво мислење од капитулантските и расипнички политики на Зоран Заев и криминалниот картел. Обидите со багер да се газат граѓани што изразиле поинакво мислење, наводните поправки на жичницата и непропуштањето телевизиски екипи да ги снимат локациите каде што се врши сеча на Водно е одраз на немоќ и пад на една исплашена власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, заканите и мобингот врз вработените во јавниот сектор, нивното прераспоредување на работни места надвор од нивното место на живеење е обид да се замолчат овие луѓе и да се спречи мислење поинакво од тоа на Зоран Заев и криминалниот картел. Ова е знак дека се во паника бидејќи сè повеќе сфаќаат дека немаат поддршка за антидржавните политики.
„Граѓаните повеќе не се плашат. Граѓаните сè погласно зборуваат. Антидржавните политики на Зоран Заев и картелот што го предводи повеќе не поминуваат кај народот. Никој повеќе не им се плаши и не молчи. Набргу граѓаните ќе ги казнат за целата штета што ѝ ја нанесоа на Република Македонија. Целиот криминал, што го прават под димната завеса на референдумот, со пљачкање, државата придонесе да ја направат синоним за криминал за кој пишуваат сите светски медиуми. На делбите на криминални милионски тендери, партиските вработувања, политичкото угнетување и на целото безредие му доаѓа крај. СДСМ мора да си замине. Република Македонија мора да тргне напред, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

