Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени партиски војници
Македонската јавност повторно го гледа Заевизмот на дело. Уште еднаш ја гледаме на дело мантрата на СДСМ, кажувам, заборавам, негирам.Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изнесените податоци од страна на Дамјан Манчевски.
,,Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017. до 2018. година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени.
Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат ,,најзаслужните’’ за воведување на Заевизмот.Да потсетиме дека токму Манчевски во 2017. година изјави дека ,, Во јавната администрација има превработеност’’. Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел?На ова лудило мора да се стави крај, мора да се стави крај на лагите и манипулациите со македонската јавност, со македонските граѓани. Мора да се стави крај на неправдите и лагите, мора да се стави крај на Заевизмот”, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.
„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.
Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.
„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.
Соопштенија
Ристески: Комплетна реконструкција на улицата Јане Сандански, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод
Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод, вети Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“. Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица“, рече тој.
Соопштенија
„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левицата
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.
„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!
И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.
Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.
Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.
Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

