Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главата на криминалниот октопод
„Сè додека аболицираниот криминалец Зоран Заев е на власт во Македонија не може да има правда. Од човек кој трипати е амнестиран за тежок криминал не може да се очекува дека ќе воспостави владеење на правото”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, никој во Македонија не верува дека криминален ум каков што е Зоран Заев не е вмешаш во најголемата криминална афера во независна Македонија, случајот ,,Рекет”.
„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод! Странски медиуми објавија снимка на која јасно се гледа како Боки 13, или по ново Боки Тредичи, зема милионски суми рекет во име на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Целата јавност говори за улогата на обвинителката во случајот, за улогите на Кики, Фрики, Шеки и сите други, а обвинителството останува глуво и слепо пред овие наводи.
Русковска во екот на најголемата криминална афера во историјата на Македонија замина на одмор. Ваквото несериозно однесување на обвинителството во најмала рака е срамно. Омилената обвинителка на Зоран Заев цел месец ја убедува македонската јавност дека Боки Тредичи сам, без поддршка на највисоките структури во власта и без поддршка на Јанева, ‘мавал’ рекет низ цела Македонија. Одговорност за овој скандал мора да има. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта во спротивно станува соучесник во криминалот на Зоран Заев”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.