Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Заев и СДСМ сакаат да станеме народ без корен, држава без историја

Македонија и македонскиот народ го губат својот идентитет. Зоран Заев и СДСМ ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор што го потпишаа со Грција и на тој начин се откажаа од сè што е македонско, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ одбива да одговара на прашањата околу капитуланскиот договор. Тоа е poради фактот [to договорот е штетен и може да предизвика неповратни последици врз македонскиот идентитет. Со договорот се губи институционалниот идентитет, кој е значајна компонента на националниот, односно СДСМ со преименувањето на институциите го менува и идентитетот на Република Македонија. Со членот 8 од договорот се предвидува комисија за ревидирање на културата и археологијата и Грција може да го употреби тоа како сопирачка во ЕУ интеграцијата кога и да посака.
,,Зоран Заев и СДСМ сакаат да станеме народ без корен, држава без историја, народ без културно историско и археолошко наследство, а младите да учат од некаков си хибриден образовен систем по желбите на нашиот јужен сосед. Заев се согласи на распродажбата на националните и државните интереси од само една единствена причина, а тоа е да го покрие криминалот што го прави картелот на власт. Петнаесет месеци колку што се на власт Зоран Заев и СДСМ покажаа дека оваа влада ќе остане запаметена како најлошата во поновата македонска историја.Тоа што Македонија назадуваше на листата на транспарентност и е најкорумпирана земја во Европа не зависи од капитуланскиот договор. Тоа што растот на БДП е бетониран на нула не зависи од капитуланскиот договор. Тоа што имаме најниски плати во регионот, а земјоделците немаат пласман и осиромашуваат не зависи од договорот. Тоа што умираат деца без соодветна грижа, додека се делат крвави тендери во здравството на фирми штотку регистрирани, не зависи од договорот. Тоа што образованието тоне и на први септември нема книги за учениците не зависи од договорот. Тоа што криминалци се пуштаат на слобода, а убиецот на Мартин Јанушев ја избегнува правдата не зависи од договорот.
Сè ова се должи на неспособноста на расипничката власт. Сè ова ќе се смени откако Заев ќе си замине. За да се смени националната катастрофа што ни се случува во овие 15 месеци, не мора да се откажеме од нашиот идентитет.Доволно е народот да му каже доста на Заев”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Халки поткаст – простор за развој на родителите и децата

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.
Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.
Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:
● Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?
● Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?
● Како да се справите со детските емоции?
● Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?
Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.
„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.
Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.
Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!
ПР
Соопштенија
Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси.
Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.
Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.
Дополнително, Прилепска Пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.
„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“ – изјави Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.
ПР
Соопштенија
Чуварите на мудроста третпат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.
Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.
Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.
Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.