Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Погазена е слободата на медиумите како последица на договорот Заев – Ципрас
 
																								
												
												
											Со цензурирани медиуми, кои исто како и премиерот не смеат да го пишат името Македонија не се стигнува во Европа.Погазена е слободата на медиумите и новинарската фела помножена со нула како последица на договорот Заев – Ципрас. Државната новинска агенција МИА, е првата жртва на капитулантскиот договор за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, МИА вчера наместо да ги информира граѓаните, беше принудена да ги дезинформира и тоа само затоа што на Грција и пречи одредена изјава на Заев.
,,Само со еден укор од Атина, МИА мораше да ја повлекува изјавата која ја даде Заев, и да пишува друга, која тој не ја дал, но е по мерката на Атина. Цензурата врз МИА во детал ги покажува штетите од овој договор. Ниту новинска агенција, која е должна да ја пренесува вистината, тоа нема да може да го прави, ако тоа не и се допаѓа на Атина. Доколку вака Атина се однесува кога договорот се уште не стапил во сила, како ќе се однесува кога ќе стапи? Што се ќе треба Република Македонија да подголтнува, како резултат на штетните политики на СДСМ?”, се вели во соопштението.
Партијата бара Заев веднаш да ја објави содржината на Уставните амандмани и да и покаже на јавноста што се губиме.
,,Граѓаните мора да знаат се пред да донесат одлука како ќе постапат на 30 септември. Ниту еден факт не смее да се сокрие. Заев конечно да смогне сили и храброст и да излезе на дебата, доколку е демократ за каков што се претставува, тогаш зошто бега од дебата? Дали му е страв од немањето на аргументи и незнаењето како да ги објасни Уставните измени, губењето на идентитетот, историјата и културата? Доколку му е страв и не знае што да прави, да си поднесе оставка.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите кои се против овие штетни политики на Заев, денес од 13 часот во Охрид, да ни се приклучат на големиот протестен марш, да му покажеме на Заев дека треба да си замине. Да му покажеме на Заев дека Македонија знае што е најдобро”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
 
														Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
 
														Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
 
														Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											