Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија
СДСМ се исплашени. Знаат дека народот веќе нема намера да ги трпи нивниот криминал и неспособност и затоа избегаа од одлука за распишување предвремени парламентарни избори. Оставија Зоран Заев да донесе да одбере помеѓу интересите на народот и државата од една страна и интересите на криминалниот картел од друга, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија, која оваа власт ја зави во црно.
,,Црнилата се присутни секаде, во економијата, здравството, образованието, земјоделието, безбедноста, социјалната заштита, буквално во секој сегмент од општеството. СДСМ две години не направи ништо за државата и граѓаните. Потрошија милијарди евра народни пари, а нема ниту еден проект. Сите инфтаструктурни зафати од време на ВМРО—ДПМНЕ беа запрени, за сега по две години да продолжат таму каде што ВМРО—ДПМНЕ застана.
Оваа власт буквално го исцеди народот. Наместо парите кај граѓаните, ни се случува парите да одат кај картелот на власт и нивните фирми.СДСМ не бира начин како да земе денар повеќе од џебот на граѓаните, затоа ги покачија и даноците и удрија врз пазарџиите, само со една цел, да има повеќе пари за зделки во четири очи и милионски тендери на кои најчесто добиваат фирми основани непосредно пред објавување на огласите.СДСМ ја претвори Македонија во криминална држава. Според индексот на корупција на Транспаренси, државата е на 107 место во друштво со земји како Танзанија.
Понижувањето на државата и хаосот не смеат да продолжат. СДСМ мора да си замине. Црнилата ќе бидат поразени. Зората мора да изгрее. Потребни се итни предвремени парламентарни избори. СДСМ треба да се охрабри и барем еднаш да го стави интересот на граѓаните пред тој на партијата и криминалниот картел”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

