Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата се зголемува, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси животот во Македонија од ден на ден станува сè понеподнослив. Сиромаштијата се зголемува, стандардот се намалува, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, затоа денес по повод денот на борбата против гладот УМС на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општински комитети низ Македонија ќе донира храна.
,,Притоа би сакале да ги повикаме сите оние хумани луѓе и сите оние кои би сакале да помогнат тоа да го направат преку донација на храна, која подоцна ќе им биде дистрибуирана до оние кои се најзагрозени. Владата потроши половина од својот мандат на штетни договори и национални интереси. СДСМ и Зоран Заев потрошија 2 години од животот на граѓаните без да направи ниту едно добро дело или на кој било начин да го подобри секојдневнието. Безнадежноста се зголемува, а перспективата за живот во Македонија се намалува. Оваа Влада треба да си замине со цел во Македонија да се имплементираат политки што ќе ја зголемат благосостојбата на граѓаните”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костовски: Радишани доби нов модерен парк

„Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче“, вели Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.
Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.
Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме мисла“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.
Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.
„Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.
„Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.
Соопштенија
(Видео) Паунов: Нови тротоарски површини во центарот на општина Карбинци за поголема безбедност но и модерен урбан лик

„Се движиме по новите тротоарски површини коишто ги градиме во овој момент. Ова е проект којшто е пример како треба да изгледа едно урбано, уредено населено место“, вели Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние продолжуваме заеднички, за подобри услови за сите граѓани, за општина Карбинци“, изјави Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.