Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Шилегов ги остави комарците да умираат од старост

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко. Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци.Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија.
,,Само во државите на ЕУ оваа година се пријавени 51 случај на заболени од Западно Нилска треска, додека во Србија се пријавени дури 70 случаи. Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните. Животот и здравјето се загрозени. Амбулантите секојдневно се полни со граѓаните кои се жалат на разни инфекции, алергии и убоди кои се резултат на наездата на комарци и неспособноста на Шилегов да се справи со нив.
Наместо граѓаните да бидат приоритет и да се решеше овој проблем уште пред неколку месеци, Шилегов ги остави комарците да умираат од старост. Најтрагикомично во целата ситуација е што градските служби се обидоа да ги изманипулираат граѓаните дека вршат прскање против комарци со старо видео прикачено на интернет. Кога веќе граѓаните не можат да се спасат од комарците, нека се спасат од Петре Шилегов. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка, бидејќи градоначалник на Скопје не е место кое може да се раководи со неспособност, незнаење, неработење и незаинтересираност”, се вели во соопштението на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.