Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром се труе, а Шилегов и Марин го преспаа мандатот

Мерната станица во Лисиче уште од 17 часот покажува енормна загаденост на воздухот, а истата сè повеќе расте со секој поминат час, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од таму, нивото на канцерогени ПМ-10 честички во воздухот во Аеродром е и до 4-5 пати поголемо од максимално дозволената граница.
„Скопје буквално се гуши, а зимата не е ниту почната. И сето ова се случува на намален и редуциран градски превоз и намален проток на луѓе. Можеме да замислиме што ќе се случува во текот на зимскиот период. Петре Шилегов и Златко Марин кои се најповикани да се справуваат со проблемот со загадувањето на воздухот не направија ништо за да го подобри квалитетот на воздухот“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека двајцата градоначалници три години го преспале мандатот без ниту еден проект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Каравилоски: Мојата визија е Кривогаштани да стане просперитетна општина, каде младите ќе останат

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Игор Каравилоски, од трибината во Кривогаштани ја побара довербата од граѓаните, ветувајќи дека ќе се залага за модерна, уредена и просперитетна општина. Тој нагласи дека својата енергија, искуство и знаење ќе ги стави во служба на сите граѓани.
„Нашата програма е гласот на граѓаните. Мојата визија е Кривогаштани да стане просперитетна општина, каде младите ќе останат, земјоделците ќе имаат сигурна поддршка, а секое семејство ќе живее во чиста, зелена и безбедна средина. Сега е време сето тоа искуство, знаење и енергија да ги ставам во служба на сите вас. Во изминатите четири години нашиот градоначалник Николче Мискоски и советничкото мнозинство покажаа дека со чесна и посветена работа општината може да напредува. Продолжуваме со ист континуитет и ќе ги завршиме започнатите, а ќе започнеме нови, големи проекти“, порача Каравилоски.
Тој во својата програма најави асфалтирање на улици, изградба на повеќенаменско игралиште во Обршани, реконструкција на главната улица во Пашино Рувци, приклучување на општината на системот за водоснабдување „Студенчица“, проширување на канализационата мрежа, санација на патишта и унапредување на регионалниот пат.
Каравилоски посочи дека младите се најголема сила и врвен приоритет и најави инвестиции во младински центар, нова библиотека, курсеви за странски јазици и дигитални вештини, награди за најдобрите студенти и активна вклученост на младите преку младински совет.
Во делот на јавната инфраструктура најави уредување на тротоари, поставување на т.н. „легнати полицајци“, нови зелени површини и расчистување на дивите депонии.
Ќе се постават фотоволтаици на јавните институции, а посебен акцент стави на здравствената грижа со повторно воспоставување на Итна медицинска помош во Кривогаштани, проект „Здрав пензионер“ со два бесплатни превентивни прегледи годишно и пристап до Центарот за дневен престој за стари лица во Прилеп.
„Ние не ветуваме празни зборови, туку дела што произлегуваат од реалните потреби на луѓето. На 19-ти октомври гласаме за број 5 и листата на советници од СДСМ“, порача Каравилоски.
Соопштенија
Димитровски: Имаме план за Скопје, имаме девет политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија

Даме Димитровски, носител на советничка листа на кандидати за советници во Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во Бутел се осврна на проблемите со кои живеат Скопјани посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат план имаат решенија.
„Имаме план, имаме девет темелни политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија. Тоа се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и најважно чесно управување“, рече Димитровски.
Димитровски укажа дека ова не е само план, само зборови, ќе има конкретни активности за подобро Скопје, а не како до сега.
„Ова се наши работни задачи, ова е нешто конкретно што ќе направиме за вас, за подобро утре“, кажа Димитровски.
Соопштенија
Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.
Мицкоски зборуваше на темата за правосудниот систем во земјава и истакна дека иако постојат над 80 пријави кои се заглавени во судските и обвинителските лавиринти, тој ќе се посвети на нив по локалните избори.
Мицкоски најави ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. Како што вели тој, процесот на прочистување на политичкото мочуриште ќе зависи исклучиво од законот и уставот, а од правдата нема бегство.
,,Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на „Бихаќка“, кажа Мицкоски.
Мицкоски најави ресет на целиот систем и длабоки реформи по локалните избори, а додаде и дека ресетот нема да биде реванш туку одговорност и правда онаму каде што до сега нема.
,,Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството. Со оваа тема посебно и лично ќе се занимавам веднаш по изборите. И правдата ќе ги допре сите оние што сега се удираат во гради. Верувајте, потоа кога ќе бидат соочени со законот, нема да бидат ниту толку храбри ниту толку гласни, затоа што ресетот на системот нема да биде реванш, туку одговорност и правда таму каде што досега не завладеала“ рече Мицкоски и додаде:
,,Мора да има катарза на тоа политичко мочуриште, чиј процес на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. Од правдата нема бегство“.