Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба

Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба, Мицкоски со најголема поддршка. 21,2 % од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 16,2 % за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка кај граѓаните, а СДСМ тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека народот гледа кој работи и гради и кој знае да ги решава неговите проблеми. Јасна е разликата во пристапот на работа, а тоа најдобро се гледа од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ е на власт реализирани или отпочнати се над 1.000 проекти за разлика од онаму каде што СДСМ управува и имаме целосна стагнација.
Граѓаните сакаат политичари што ќе нудат решенија и ќе ги решаваат нивните проблеми.
Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба кај граѓаните и има рејтинг двојно поголем од Ковачевски.
Анкетите се јасни. Предвремени парламентарни избори што побргу за промени и иднина, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Среќата ја избра Битола – нов автомобил FORD KUGA од инстант-лозот „Титаниум“ на Државната лотарија!

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“.
„Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост.
Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија, а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција – 5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и добитниот „Титаниум“.
„Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил — почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам,“ раскажува К.Т.
Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи нова возбуда и надеж.
„Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава. А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно“, додава таа.
К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите што веруваат во среќата.
Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба само да ја пронајдеме“.
Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте начини преку кои среќата може да ви затропа на врата.
(ПР)
Соопштенија
Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.
· Без чекање.
· Без компликации.
· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.
(ПР)
Соопштенија
50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.
Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.
Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.
Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.
БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.
(ПР)