Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Банкрот е неизбежен, граѓаните се доведени до работ на должничко ропство

Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис-интересите на кланот Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. ,,Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо на таканареченото
грчко сценарио и банкрот е неизбежен. Граѓаните се донесени на работ на должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски граѓаните преживуваат со еден оброк дневно и секојдневно гладуваат.
Нема нови проекти, не се отвораат нови работни места, младинската невработеност изнесува повеќе од 50 проценти. Со оглед на фактот што реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 27,4 проценти, нема изградба на 600 километри автопат, нема изградба на нови клинички центри и студентски домови, владата не гради нови училишта и спортски сали, останува прашањето за што се трошат парите на граѓаните?”, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ,,со оглед на криминалното работење на власта и принципот ‘евро за вицето’ јасно е дека парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиски и државни функционери. Преку криминални грантови и тендери СДСМ на чело со Зоран Заев спроведува досега невиден грабеж споредлив само со времето на криминалната транзиција”.
,,Владеењето на Заев сè повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија, граѓаните се во апатија и на работ на својата егзистенција. Нема повисоки пензии, јавноста е сведок на сè повеќе компании кои заминуваат во стечај, безнадежноста дека ќе има правда и правдина е сè поголема.Темните облаци кои надвиснаа над Македонија ќе си заминат. Крајот на политичката кариера на Заев е на повидок. Заев избра да не ја почитува волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името, но казната ќе ја добие на следните парламентарни избори на кои граѓаните уште погласно ќе му кажат на Заев доста е, заврши времето на транзициските политичари”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Халки поткаст – простор за развој на родителите и децата

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.
Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.
Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:
● Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?
● Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?
● Како да се справите со детските емоции?
● Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?
Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.
„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.
Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.
Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!
ПР
Соопштенија
Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси.
Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.
Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.
Дополнително, Прилепска Пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.
„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“ – изјави Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.
ПР
Соопштенија
Чуварите на мудроста третпат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.
Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.
Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.
Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.