Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
„Министерката Мила Царовска мора веднаш да си подне оставка. Уште колку деца кои се под заштита на државата треба да настрадаат за таа да преземе одговорност? Уште колку деца треба да се соочат со доживотни психички и физички трауми за Заев да одлучи овој ресор да го отстапи на некој што ќе посвети внимание на социјалната грижа. Системот на социјална заштита не функцинира. Случаите на социјална негрижа кулминираат. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за повеќе од една година откако ја извршува функцијата, единствено е посветена на префрлување на средства на невладини и за патувања“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
За ова, додаде тој, говори и последниот случај на силувано 14 годишно девојче од Домот за деца со социјални проблеми, Скопје кое престојувало во одморалиштето „25 Мај“ во Струга.
„Девојчето го пријавило случајот во Полициската станица во Струга. Министерството на Царовска – негира дека се работи за силување, немале таква потврда од МВР, па додаваат дека установата каде е згрижено девојчето ја обезбедила потребната стручна помош и заштита. Ова не може да се протолкува поинаку од скандалозно и бездушно! Обљуба на малолетник е тешко кривично дело за кое следи затворска казна од најмалку 10 години.
Ова не е прв пат штитенички од Дом за деца да бидат жртви на силување. Внимавајте, ова е само еден од низата вакви случаи. Еден од многуте случаи кои говорат за негрижа за децата. Еден од многуте случаи кои ни говорат за сериозни пропусти, за ситуации во кои потфрлува системот на социјална заштита. Домот за деца станува синоним за хорор и злоупотреба на децата“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

