Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата пак ќе задолжува за 53,6 милиони евра, на што се трошат парите никој не знае

Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија во економски колапс. Економијата се соочува со невидена катастрофа. Нема резултати, нема нови инвестиции, има пад на проекциите на раст на БДП но затоа имаме нови милионски задолжувања.Црната економска тројка и криминалниот картел на власт безмилосно продолжуваат да ја задолжуваат Република Македонија. Веселите математики на Зоран Заев и неговото трето полугодие не можат да ја сокријат катастрофата и неспособноста која ни ја донесе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, идната недела Владата најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Каде одат овие пари и на што се трошат никој не знае. Нема нови болници, нема патишта, нема нови фабрики, нема нови отворени работни места но затоа има 1,5 милиони евра за лубриканти кои според СДСМ ќе штитат од заразни болести.
,,Црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски три недели наназад по истиот основ ја задолжија Република Македонија за 102 милиони евра.Јавниот долг за кој толку многу се фалат дека го донесоа под контрола веќе достигна 48.8% од проектираниот БДП. Меѓународните институции веќе излегоа со најава дека се очекува за многу кратко време да ја помине и онаа психолошка граница од 50% од БДП. Дури и растот на БДП од 3.2% кој тие самите си го проектираа и упорно тврдеа дека ќе се оствари оваа година ќе заврши најверојатно на околу 1.2 %. Додека другите држави во Европа и во регионот рушат рекорди на стапките на раст во БДП, Македонија убедливо е на дното. Ние треба да се задоволиме само нешто над 1 %. Колку за споредба оваа година највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Растот што го ветуваше Зоран Заев за време на изборите од 5% се виде дека се граничи со научна фантазија. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.