Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е подготвена за почетокот на учебната година

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ смета дека училиштата немаат соодветни протоколи и дека власта не е подготвена за почетокот на учебната година.
„Владата на СДСМ на цели 5 дена пред почетокот на учебната година, конечно, реши да објави дека наставата во основното и средното образование ќе почне на 1 октомври, цел месец по вообичаениот термин. Веројатно и ова немаше да се случи да не беше притисокот од родителите, кои бараа и инсистираа на информации за образованието на своите деца, па Владата како голем успех соопшти дека нејзини членови имале средба со нив. На средбата ги повториле флоскулите што ги повторуваат во последните 2 недели, без да понудат конкретни решенија и точни информации“, се наведува во соопштението.
Состојбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се вжештува и меѓу наставниците и професорите, од кои некои деновиве, една недела пред вообичаениот датум за почеток на учебната година, посетуваат курсеви за употреба на платформата „Мајкрософт 365“, а немаат скратена програма, календар и распоред на часови, немаат компјутери и соодветен интернет во училиштата, ниту соодветни протоколи за работа во училиштата, каде што ќе се одвива настава со физичко присуство за децата од прво до трето одделение.
„Сè уште формираат работни групи, сè уште дискутираат за ингеренциите и одговорностите на институциите, сè уште даваат обврски до МОН и општините, сега кога сè треба да е подготвено и да се чека само донесување на измените во законите, што всушност може да се направи на првата собраниска седница по формирање на владата. Веројатно, ќе чекаат 30 септември за да предложат измени во законот од две-три реченици, кои потоа во стил на уредбите, ќе ги дополнуваат, поништуваат, па ќе носат нови сè додека не заврши полугодието“, велат од Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ
Од таму додаваат дека сега кога се знае дека ќе се загубат од 100 до 140 училишни часа, наставниците веројатно треба да добијат нова програма по која ќе работат.
„Ако СДСМ имаше концепт и се грижеше за подмладокот на оваа земја, учебната година ќе ја почнеше на 1 август, а не на 1 октомври“, велат од Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Комисијата, снимените емиси од минатото полугодие, без никаква интеракција, не се покажале успешни, а онлајн-наставата била незадоволителна, барем во голем дел од училиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.
„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во „Карши Бавча“. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во „Царина маала“, чија реализација е започната и се одвива извесен период“, вели Николовски.
Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.
„Реконструкција на речиси сите улици во „Зорле маала“, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица“, рече Николовски.
Соопштенија
Герасимовски: Масовно да излеземе во недела и да гласаме за Центар што го сакаме

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите.
„Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и социјалната заштита, како и континуирана грижа за младите, семејствата, пензионерите и лицата во социјален ризик. Солидарноста, еднаквоста и инклузивноста се темелот врз кој Центар функционира како вистински сервис на граѓаните и создава услови за достоинствен и сигурен живот. Продолжуваме да работиме во оваа насока за уште позелен, похуман и поразвиен Центар“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Марковски: Магацините на „Славија“ може да прераснат во простории за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани истакна Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град“, истакна Марковски.
Тој кажа дека факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.
На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
„Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме“, истакна Белчева Андреевска.