Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ в недела со отчет за сработеното за 100 дена градоначалници „Промени што носат иднина”
Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ в недела ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската филхармонија, кој ќе финишира со отчет за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е „ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА” – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, ќе има свое обраќање во 17:00 часот в недела.
На овој говор ќе претходат три одделни панел-дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот, во малата сала на Македонска филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска филхармонија ќе има дискусија на тема: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ.
Учесници: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
Модератор: Наум Стоилковски.
Во 14:30 часот во малата сала на Македонска филхармонија ќе има дискусија на тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Модератор: Димче Арсовски.
Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

