Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Зелената нафта е уште едно „ќе“ ветување

СДСМ повторно манипулира со македонските земјоделци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ и додаваат дека зелената нафта е уште едно „ќе“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве речиси по две години, сè уште не е реализирано, се наведува во соопштението.
„Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци поради порастот на дизелот и сè уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат в година. СДСМ повторно ги лаже земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста дека СДСМ ја прави истата манипулација како лани, односно со предложениот буџет од предвидени субвенции и програма за рурален развој земјоделците ќе добијат околу 141 милион евра, односно цели 19 милиони евра помалку“, стои во реакцијата.
Од партијата додаваат дека вложувањето 5 милиони евра за капитални проекти во водостопанството не само што е уште една голема лага туку сумата е четирикратно помала од таа што ја проектира ВМРО-ДПМНЕ кога беше проектирано да се вложат 200 милиони евра во наредните 10 години, односно по 20 милиони годишно.
„СДСМ пред да дојде на власт ветуваше чуда во земјоделството, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но, наместо тоа, донесе беда за земјоделците. Оваа година видовме што значи СДСМ и што значи трудот на земјоделецот да не е вреднуван. Како и на секое поле во државата, така и во земјоделството се случува вистински пустош. Земјоделците едвај преживуваат.
Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. Ниските откупни цени се далеку од рентабилни за земјоделците и не ги покриваат ниту основните трошоци за производство на земјоделските производи. Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари“, се наведува во реакцијата на опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Шабан Салиу: Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија!

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање упатува порака до жителите на оваа скопска општина дека ќе стави крај на понижувањето и по добивањето на довербата за градоначалник веднаш ќе започне со системска акција за чистење на отпадот.
„Секој здив во Шуто Оризари денес носи понижување. Миризбата од ѓубрето ни ја понижува секоја улица, ни ги гуши децата. Доста е“, истакнува Салиу.
Во пораката, Салиу најавува конкретни мерки уште од првиот ден на градоначалничкиот мандат.
„Првиот ден како градоначалник ќе донесам една јасна одлука: Шуто Оризари ќе дише чисто. Ќе започнеме со вонредна акција за чистење — без одложување и без изговори,“ порачува Салиу.
Тој додава дека приоритет ќе биде и долгорочно решение за отпадот.
„Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија. Ќе го рециклираме отпадот, а општината ќе биде енергетски одржлива. Ќе создадеме нови работни места за нашите луѓе во Шуто Оризари,“ вели претседателот на Демократските сили на Ромите(ДСР) и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу.
Салиу ја нагласува и моралната обврска кон најмладите и повикува на граѓанска мобилизација и гласање за бројот 24.
„Ова е збор пред вас, пред народот: нашите деца заслужуваат воздух, не срам. Браќа и сестри Роми, ова е нашиот час за промени. Шуто Оризари ќе дише. И тоа ќе се види“, вели Салиу.
Соопштенија
„Ревизија на сите тендери во Аеродром“, најавуваат од партијата Левица

„750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!“, велат од Левица – Аеродром.
„Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!
По преземање на општината: Ќе направиме ревизија на сите тендери. Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена. Доста беше со шминкање на реалноста во Аеродром“, додаваат од Левица – Аеродром.
Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.