Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Срамна е сумата од 7 800 денари помош за стечајците

Срамно е однесувањето на СДСМ, срамна е сумата од 7 800 денари помош за стечајците, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Јагода Шахпаска од СДСМ.
„Власта нема право да говори за стечајците, нема право да говори за сите оние луѓе кои ги остави без работа во времето на криминалната транзиција. СДСМ во време на транзицијата остави без работа над 200 илјади граѓани, а сегашниот Закон за стечајци таргетира едвај 6 илјади граѓани. Граѓаните во мрачните 90-ти ги загубија своите работни места, својот извор на егзистенција само за одреден круг луѓе близок до тогашната власт на СДСМ да ги оствари своите бизнис-интереси“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта денес, додаваат од опозицијата, не може со 7 800 денари да ја надомести штетата што им ја нанесе во транзицијата на овие луѓе, нивната изгубена младост, среќа и достоинство, изгубени за време на владеењето на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран.
„Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра инвестирани во Дојран за 8 години. Нема лажење – има работа. Затоа, Анго, искрени честитки за твојата посветена, искрена и чесна работа за Дојран,“ изјави Филипче, потенцирајќи дека неговата работа и резултатите ја докажуваат посветеноста на СДСМ кон Дојран и граѓаните.
Филипче нагласи дека СДСМ и понатаму ќе биде двигател на локалниот развој и гаранција за стабилност, чесност и конкретна работа во Дојран.
„Сега ве повикувам да го направиме истото. Да ја оставиме апатијата и разочарувањето што несомнено ја има насекаде, особено после ланските избори, и да покажеме дека веруваме во вредностите и политиките. Да покажеме дека имаме добри кандидати, дека имаме чесни луѓе кои ќе ја продолжат работата за Дојран да продолжи да се развива и да остане омилено, вистинско место во Македонија,“ рече тој.
Лидерот на СДСМ кажа дека кандидатот за градоначалник Ристо Џинев и неговиот тим советници имаат капацитет и знаење да продолжат со проектите за развој на Дојран и ги повика граѓаните масовно да ја поддржат листата на советници на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ристо Џинев.
„Ристо имаш голем предизвик но сум сигурен дека имаш и знаење и капацитет заедно со тимот којшто ќе го предводи развојот на Дојран, да продолжи и понатаму да се надградува со нови содржини со се што сакаат да бидат жителите не само на Дојран туку и на цела држава, коишто се се почести посетители тука во овој наш туристички бисер“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, која денеска се одржа во општина Дојран.
Соопштенија
Андоновски: Ќе се залагаме проектите кои се приоритет во нашата програма да добијат соодветно место во буџетот на Општина Гостивар

Мартин Андоновски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, се обрати на денешниот народен митинг во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори. Андоновски потенцираше дека фокусот е ставен на приоритетните проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Гостивар.
,,Како носител на оваа советничка листа, со целосна одговорност тврдам: нашите настапи во Советот секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните аргументирани, достоинствени и секогаш бескомпромисно на страната на вистината. Ќе бидеме гласот на разумот и совеста, будното око што неуморно ќе следи што се работи, како се работи и дали се работи во интерес на граѓаните. Ќе го следиме и ќе го посочиме секој извор на неправичност, секој облик на неодговорно, нечесно или штетно постапување“, вели Андоновски.
Андоновски додаде дека главниот водич е креирање и реализирање на силна одговорна и развојна локална програма.
,,Нашата заложба ќе биде локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет. Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна, развојна локална програма, затоа што тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат, и ја сакаат Република Македонија“, рече Андоновски.
Тој истакна дека ќе работи посветено на тоа приоритетните проекти од програмата да добијат заслужено место во буџетот, со цел реално да се подобри квалитетот на животот, да се создадат нови можности и да се обезбеди видлив напредок и модерна инфраструктура за сите граѓани.
,,Ќе се залагаме проектите кои се приоритет во нашата програма да добијат соодветно место во буџетот на Општина Гостивар, со цел секој еден од вас да сведочи на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура, како и поквалитетен живот за сите“, кажа Андоновски.
Според него, политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесоа пресврт во односот кон локалната самоуправа односно по години стагнација, конечно централната власт ги поддржува општините во реализацијата на важни проекти.
,,Благодарение на политиките и заложбите на централната власт предводена од Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, сведоци сме на еден целосен пресврт во политиката кон локалната самоуправа низ цела Македонија. После долги години стагнација, имаме позитивен пристап, чесни луѓе и власт која служи на граѓаните преку поддршка на општините во реализација на клучните проекти“, заклучи Андоновски.
Соопштенија
Мицкоски го повика Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица

На денешниот народен митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до лидерот на СДСМ, Венко Филипче и го повика јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.
„Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба“ кажа Мицкоски.
Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.
„Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин“ заклучи Мицкоски.