Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Драконските казни за 27 април се доказ за стравот на Заев од гневот на граѓаните

Вкупно 211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27 април ги погребаа правото и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат и дека политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција.
„Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици. Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска-судството суди како што Заев наложува, а Рускоска-обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев“, се наведува во соопштението на опозициската партија.
Во него се додава дека 16-те казни за обвинетите во, како што се вели, политичката монтировка наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихаќка и стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, односно стравот од изборен пораз.
„Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење. Изборите на 21-ви април ќе го означат почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека набрзо ќе дојде до враќање на правото и правдината во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

„Четири години ја водиме заедно оваа битка. Четири години се бориме за чист, зелен и убав Аеродром! Четири години Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не лажат, ни кажуваат приказни за мали деца, ни продаваат магла!“, порача на вчерашниот митинг носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески.
„Цели 4 години ниту една од ветените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче не е изградена. Последните 2 новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ. Дури и единствената градинка која се проширува во моментов е со пари обезбедени од Владата на СДСМ пред 2 години“, изјави Ристески.
„Секојдневно слушаме поплаки од изневерени родители – условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства за течен сапун, влажни марамчиња, тонери, хартија и слично. Училиштата тонат во долгови за струја, вода, парно, телефон… а долговите на училиштата се најстрого чувана тајна“, додаде тој.
„Ветија нови 100.000 квадратни метри зеленило во Аеродром, а не можат да го одржуваат ни постоечкото. Општината никогаш не била позапуштена: неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор…
Ветија нова општинска зграда, никогаш не ја изградија. 120.000 евра годишно пари на граѓаните троши Општина Аеродром, само за кирија за објектот во кој сега е сместена!
Ветија 3.000 нови паркинг места во Аеродром, ни 100 не изградија. Ветија решавање на сообраќајниот хаос со изградба на 6 нови кружни текови и велосипедски патеки на секоја улица. Ништо од тоа не е направено. 0 кружни текови за 4 години и 0 метри велосипедски патеки се изградени за 4 години во Аеродром.
Доста беа лаги и празни ветувања. Време е за промени, време е да се избориме за нашиот дом. Имаме одлична програмска понуда и уште подобри кандидати за градоначалници и членови на Советите на Аеродром и Скопје“, нагласи Ристески.
„Ја барам вашата поддршка на 19 октомври. Заокружете го бројот 5 пред моето име за кандидатската советничка листа за Аеродром! Овие чесни и трудољубиви луѓе позади мене се вистински борци. Тие знаат и можат да се изборат за поубав Аеродром!“, порача Ристески барајќи ја поддршката за д-р Александар Трајановски за градоначалник на Аеродром и за Каја Шукова за градоначалничка на Скопје.
Соопштенија
Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

„Во изминатиот период покажавме дека вистински се грижиме за нашите ученици во основните училишта. Веќе 60 проценти од учениците посетуваат едносменска настава, а крајната цел е во сите училишта во Ѓорче Петров да се оди во една смена. Поставуваме нови приоритети. Предвидуваме доградба на пет основни училишта во општината“, вели Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, кој е кандидат и на овие локални избори.
„Ќе се доградуваат општинските основни училишта „Страшо Пинџур“, „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчоски“, и централното и подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково.
Со ова, целосно ќе ги зголемиме капацитетите и ќе овозможиме учениците да посетуваат настава во една смена со што ќе им овозможиме повеќе време за слободни активности, повеќе време за престој со нивните родители, со семејствата, и за воншколски активности.
Предвидуваме и изградба на нова училишна спортска улишна сала во подрачното училиште во село Никиштане.
Од вас зависи реализацијата на овие проекти. На 19 октомври одлучувајте мудро и направете го вистинскиот избор“, вели Стојкоски.
Соопштенија
Стефковски: 4 нови детски градинки во општина Гази Баба, децата на прво место

Актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски кој бара втор мандат на овие локани избори, најави четири нови градинки во општината.
„Во новиот мандат, се обврзуваме на нешто што значи многу за секое семејство – нови, безбедни и современи детски градинки за нашите најмали!
Ќе изградиме 4 нови детски градинки во: Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари“, најави Стефковски.