Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори

„Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори.Зоран Заев не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европски интеграции.Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, државава тоне во тешка политичка и економска о здравствена криза. Отспаките на Заев завршија со ново фијаско.
„Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ. Со Заев само криминалот и корупцијата се реалност. Тој е готов и минато. Треба да признае дека неговата кариера завршува неславно. Да потсетиме дека Европската Унија не препознава вредност во политичар кој го краде и лаже сопствениот народ. Кој зема рекет од 8 милиони евра и прави бизниси со панамски пари со анти ЕУ и анти НАТО политичари. Со измамникот Заев нема ЕУ и нема иднина“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.
„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.
Тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.
Соопштенија
Османи за Чаир: Ќе прогласам вонредна состојба за нечистотијата и ќе формирам кризен штаб

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави радикален пристап во справувањето со нечистотијата, која, како што рече, станала најголемата рана на општината.
Веднаш по преземањето на функцијата ќе прогласам вонредна состојба за нечистотијата и ќе формирам кризен штаб, во кој ќе бидат вклучени општината, приватни компании, месните заедници, училиштата, па дури и верските заедници, рече Османи.
„Првиот ден ќе прогласиме вонредна состојба за нечистотијата во Чаир. Зашто сакаме да направиме масовна операција за рачно и механичко чистење на Чаир. Ќе се перат сите улици, ќе се чисти секој парк, ќе се собира секој отпад што е во Чаир. И ова ќе се повторува преку масовни акции. Веќе разговарав со верските заедници и побарав од нив да ги мотивираат своите верници да бидат дел од овие масовни акции. Гимназијалците ќе треба да излезат со нас, граѓаните ќе излезат со нас, и за првпат ќе го видиме Чаир како чиста општина без ниту еден отпадок, без прав по улиците, со измиени и дезинфицирани улици“, истакна Османи.
Тој додаде дека целта не е само чистење, туку и создавање свест за заедничка одговорност за хигиената во општината.
„Кога граѓанинот ќе види дека неговиот сосед чисти улица заедно со него, потешко ќе фрли отпадок. Така постепено ќе изградиме култура на заедничка грижа за Чаир“, изјави Османи.
Причината за ваквата акција, според Османи, е алармантната состојба со хигиената во Чаир, што не е само естетски проблем, туку и проблем за здравјето на сите граѓани, особено најмладите.
„Чаир е прогласен, и врз основа на сите параметри е најнечистата општина во градот Скопје. А тоа не е естетско прашање. Не е прашање дали изгледа убаво или не, туку е директно прашање за здравјето на луѓето. Улиците на Чаир не се измиени со години. Правта на Чаир не е измиена со години. А таа прав завршува во нежните бели дробови на нашите деца и предизвикува хронични болести со кои ќе се соочуваат во текот на целиот свој живот“, рече Османи.
Соопштенија
Герасимовски: Градиме нова градинка во близина на Клиничкиот центар, капацитет до 100 деца

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во новиот мандат почнува изградбата на нова современа детска градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Тој истакнува дека планираната градинка ќе биде модерен и функционален објект, изграден според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, со капацитет до 100 деца.
„Градиме нова, современа градинка во непосредна близина на Клиничкиот Центар, кадешто ќе може да се згрижат 100 деца. Оваа градинка ќе биде изградена по највисоки стандарди за безбедност и квалитетот, по примерот на градинката „Пролет“ која во моментов е најубавата и најмодерната градинка во државата. Со отворање на новата градинка, создаваме нови можности за вработување за околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, рече Герасимовски.