Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот аболициран политичар на функцијата премиер во светски рамки

Објавено пред

Зоран Заев е единствениот аболициран политичар на функцијата премиер во светот, кој преку случајот „Глобал“ украде цели 8 милиони евра од државата, наведуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, Заев го мултиплицирал криминалот откако дошол на власт.

„Кога стана премиер, семејството Заеви го купи струмичкиот конфекциски гигант ‘Герас Цунев’ со над 7.300 м2 индустриски и деловни простории по цена од само 20.000 евра. Тоа значи дека по цена од само 10 евра за м2 Заеви станаа сопственици на индустриски погони и деловни простории во Струмица. За 20.000 евρа гρаѓаните не можат да κупат ниту гарсоњера од 25 м2, а не деловен објеκт и индустрисκи погон“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека бизнисите едвај преживуваат поради лошото економско опкружување кое го креирала, оваа, како што велат, криминогена и одродена власт, додека фирмите на Заеви рапидно се шират.

 

 

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025

Објавено пред

ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!

dobivaj vesti na viber

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.

Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.

Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.

Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.

Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Карванот „Зимска новогодишна бајка“ на „Државната лотарија“ шири магија во Скопје

Објавено пред

Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.

dobivaj vesti na viber

Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.

Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.

Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.

Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.

Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.

Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.

Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.

АГЕНДА

Oд 18:00ч до 23:00ч, на следните датуми и места во Скопје:

21 – сабота – Општина Ѓорче Петров на плато во паркот;

22- недела – Општина Кисела Вода, кај крстот во Драчево;

24 – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;

26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);

28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;

29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Груби не побегна, рече Ахмети за поранешниот вицепремиер кој се бара со меѓународна потерница

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата ,...

Свет7 часа

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија8 часа

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет9 часа

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет11 часа

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет12 часа

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет13 часа

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет13 часа

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија14 часа

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија1 ден

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ1 ден

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија1 ден

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет1 ден

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија1 ден

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија2 дена

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет2 дена

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет2 дена

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...