Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ковачевски со години ги лажат граѓаните и помалите партнери

СДСМ бега од ветувањето за една изборна единица, кое го даваше 7 години наназад. Лагите кои ги почна Заев во 2015, сега ги продолжува Ковачевски. Сега се кријат зад ДУИ и наоѓаат изговори, бидејќи самите не сакаат Македонија да биде една изборна единица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека блокадата која ја најавува ДУИ за измените на Изборниот законик се нарачка на СДСМ.
СДСМ не ги излажа само своите помали коалициски партнери, туку ги излажа и граѓаните, исто како што ги излажа со флоскулите дека ќе донесат живот за сите, а донесоа неизвесност, сиромаштија и беда.
Сосема друго е прашањето како и со што се дисциплинирани и уценети помалите партии во власта, кои најавуваа дека ќе излезат од Владата ако не им се исполни барањето за една изборна единица во рок од три месеци.
Трите месеци истекуваат, а ветувањето на Заев и Ковачевски нема абер да се исполни, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно, во текот на денот со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно од таму информираа дека поради случена сообраќајна незгода со жртва, пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.