Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да се справи со кризата, неговите експерименти скапо чинат

Македонија, поради лажната нормалност на Зоран Заев и СДСМ, стана црн рекордер во регионот по смртност и заразеност од коронавирусот на милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради нивната неспособност, во Македонија никој веќе не знае дали сме во втор или трет бран од проста причина што еден месец бројот на заразени секој ден е трицифрен. Последните бројки говорат дека за едно деноноќие има 137 нови случаи и 10 починати. Црните бројки ближат до 10 илјади, што е 5 пати повеќе од прогнозите на Филипче додека неговата партија на терен вршеше предизборен поткуп. Ова што се случува е катастрофа и здравствена и економска. Премногу скапо чини неодговорната власт на Заев.
Ниту граѓаните ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ бидејќи покажаа дека ниту знаат ниту можат да се справуваат со целата криза. Секој живот и секое работно место е важно да се спаси и тоа може да се направи само ако Заев не е на власт во Македонија“, наведуваат од партијата преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

„Во изминатиот период покажавме дека вистински се грижиме за нашите ученици во основните училишта. Веќе 60 проценти од учениците посетуваат едносменска настава, а крајната цел е во сите училишта во Ѓорче Петров да се оди во една смена. Поставуваме нови приоритети. Предвидуваме доградба на пет основни училишта во општината“, вели Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, кој е кандидат и на овие локални избори.
„Ќе се доградуваат општинските основни училишта „Страшо Пинџур“, „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчоски“, и централното и подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково.
Со ова, целосно ќе ги зголемиме капацитетите и ќе овозможиме учениците да посетуваат настава во една смена со што ќе им овозможиме повеќе време за слободни активности, повеќе време за престој со нивните родители, со семејствата, и за воншколски активности.
Предвидуваме и изградба на нова училишна спортска улишна сала во подрачното училиште во село Никиштане.
Од вас зависи реализацијата на овие проекти. На 19 октомври одлучувајте мудро и направете го вистинскиот избор“, вели Стојкоски.
Соопштенија
Стефковски: 4 нови детски градинки во општина Гази Баба, децата на прво место

Актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски кој бара втор мандат на овие локани избори, најави четири нови градинки во општината.
„Во новиот мандат, се обврзуваме на нешто што значи многу за секое семејство – нови, безбедни и современи детски градинки за нашите најмали!
Ќе изградиме 4 нови детски градинки во: Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари“, најави Стефковски.
Соопштенија
Лабудовиќ: Центар мора да биде чист – во првите 100 дена ќе ја вратиме хигиената, редот и достоинството на општината

Центар е срцето на Скопје, но за жал, денес изгледа како напуштен агол на градот. Преполни контејнери, расфрлан смет, прашина и непријатна миризба станаа секојдневие за жителите. Општината која некогаш беше симбол на урбана култура и маалски дух, сега е претворена во слика на запуштеност и хаос, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ,.
Тој денеска јавно се обврза дека токму чистотата и хигиената ќе бидат неговиот прв приоритет.
„Оваа грда слика зад мене е секојдневие за центарци. Преполни и валкани контејнери, расфрлан смет, отпад и прашина насекаде. Непријатната миризба стана симбол на Центар. За жал. Јас се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар. Ќе ги измиеме сите улици и тротоари и ќе ја отстраниме непријатната миризба. Ќе ги исчистиме сите паркови, детски игралишта, зелени површини. Сакам центарци да се одморат и да се релаксираат во чиста средина. Нема да ги заобиколиме ниту мини дивите депонии што се честа слика во нашата општина. Ќе ги исчистиме сите заборавени ќошиња и простори. Центар мора да биде чист“, рече Лабудовиќ.
Тој најави системски пристап за решавање на проблемот, преку: темелно чистење на целата општина во првите 100 дена, редовно миење на улиците и тротоарите, чистење и одржување на парковите и детските игралишта, елиминација на дивите депонии и заборавените ќошиња, зголемување на капацитетите за собирање и управување со отпад и воведување на современи методи за комунално работење и контрола.