Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев штом ќе зине лаже

,,Пред две години лажгото Заев прашуваше ,,Зарем ние ќе и кажеме на Америка дека згрешила што не признала под уставното име”. Пред година дена лажгото Заев ветуваше дека нема да дозволи Македонија да биде обесчестена и да се менува натписот на влезот во владата.
Овие денови гледаме дека човекот штом ќе зине, лаже”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев ги извести САД дека згрешиле што не признале под уставното име. Заев ја обесчести Македонија симнувајќи го написот на влезот во Владата. Се менуваат таблите на граничните премини и целосно се брише институционалниот идентитет. Имињата ги менуваат и Народната банка и министерствата.
,,Заев ги продаде највисоките национални интереси. Во државата владее целосен хаос. Се вработуваат само деца, брачни партнери и роднини на послушниците на Заев. Непотизмот и корупцијата го достигнуваат максимумот. Парите на граѓаните се ограбуваат безмилосно преку сомнителни набавки и тендери. Власта се луксузира, а народот осиромашува.Граѓаните и државата ја плаќаат цената на лагите на Зоран Заев. Ова уништување на државата мора да запре, а првиот чекор се претстојните претседателски избори”, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ: Да продолжи Богданци да се развива

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“.
„Во последните осум години Богданци е пример за успешно и одговорно управување. Под раководство на Блаже Шапов, реконструирани се улици во Богданци и Стојаково, саниран е полскиот пат во Бозелот, реконструиран мостот на Луда Мара, како и Домовите на културата. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа, изработена е техничка документација за фекална и атмосферска канализација, а воведени се и нови современи услуги – бесплатен Wi-Fi, лична асистенција и помош во домот, документација за е-полначи и стратегија за туризам,“ нагласи Костова.
Таа посочи дека Богданци е мала, но напредна општина, токму благодарение на визијата и трудот на Шапов и тимот на СДСМ:
„Овде има ред, функционалност и транспарентност. Богданци е општина која работи за граѓаните. За разлика од тоа, општините под контрола на ДПМНЕ се заробени од партиски интереси и лични профити.“
Костова предупреди дека не смее да се дозволи општината да падне во рацете на „дпмневските злонамерници“ кои не мислат на народот:
„Ова не е време за апатија, ниту за молк. Ова е време за одлука – дали ќе го браниме домот што го градиме со децении, или ќе гледаме како се руши цигла по цигла. Апстиненцијата не е казна за СДСМ, туку награда за ДПМНЕ. Ако не гласаме, им ја препуштаме државата на тие што мислат само на себе.“
Во обраќањето, таа повика на мобилизација и заедништво пред и на 19 октомври:
„Се бориме за нашиот дом! За Богданци, за Македонија, за секоја куќа, за секоја улица и за секој човек што верува дека оваа земја може подобро. Оваа есен мораме да ја продолжиме борбата против злонамерниците, против олигархијата, против угнетувачите и институционалните паразити. Победата во Богданци ќе биде почеток на нови победи низ целата држава. Оваа есен се бориме за надеж. За нашата иднина, за нашиот дом. Богданци победува со СДСМ!“
Соопштенија
Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

„Пробиштип влегува во дигиталната ера. Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки. Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер“, вели Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови.
Тоа значи повеќе транспарентност, поголема ефикасност и помалку хартија и трошоци.
Со овој проект општината ќе добие помодерна и поефикасна администрација, поголема доверба од граѓаните и нови можности за поврзување со државните и меѓународните е-сервиси. За тебе. За твоето место. За твојата иднина!“, изјави Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Данилоски: Четири години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – четири години застој, лаги и неработење!

„Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – неспособност, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски пред да стане министер, и неговиот наследник Дејан Митески – ветуваа сѐ и сешто: „хумана урбанизација“, нови градинки, училишта, паркинзи, велосипедски патеки, зелени површини, па дури и ‘смарт општина’“, вели Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.
„Денес, по четири години – граѓаните гледаат спротивното. Аеродром е запуштен, обраснат со треви и ѓубре. Ниту еден клучен реализиран проект, само планови и празни изговори. Ниту една нова градинка, ниту едно ново училиште.
Од ветените 6 кружни текови – ниеден не е изграден. Од 3000 нови паркинг места – само две мали паркиралишта. Вело-дромот, велосипедските патеки и Rent-a-bike системите – остануваат само желби.
Парковите од 100.000 м² што ги ветуваа – не постојат. Ветуваа таблет за секое дете од прво до деветто одделение, смарт табли во секоја училница и нула дополнителни трошоци во градинките. Денес сведоци сме дека ниту има таблет за секое дете, ниту има табли во секоја училница.
Родителите редовно собираат дополнителни средства за тонери, хартија, течен сапун и влажни марамчиња. Од годинава училиштата останаа и без обезбедување.
Дејан Митески денес води општина во целосен хаос и без резултати. Ова е слика на нефункционално, партизирано и неодговорно владеење.
Аеродром заслужува чесно, посветено и одговорно управување – луѓе што работат за граѓаните, не за партијата. Власт што слуша и не бега од одговорност.
Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален дом за сите. Затоа на 19 октомври заедно ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!“, изјави Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.