Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните не смее да биде цена за СДСМ да го намали изборниот пораз

Лажните вести од страната на СДСМ се пуштени на најјако. СДСМ знае дека ја нема довербата кај граѓаните и ќе изгуби на изборите кога и тие да се одржат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Кога и да се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, а тоа го потврдуваат и последните анкети. За ВМРО-ДПМНЕ, најважно е, пред сè, здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не сака да победи на парламентарни избори, а тоа да се плати со човечки живот.
СДСМ и Заев сакаат по цена на граѓаните да се изборат за помал пораз. Три години Заев, три години хибриден режим. Три години неспособност, криминал и сиромаштија. За сето ова тој ќе биде казнет од граѓаните“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Оливера Ливриниќ со средби со жителите на населбата Ферид Бајрам: најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.
Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел, се наведува во соопштението.
„Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување“, се вели во соопштението.
Според кандидатката, посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:
Паркот на ул. „Мара Междуречка“
Паркот на ул. „Никола Петров“
Паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“
„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.
Соопштенија
Анѓушев: Паркингот пред Лептокарија ќе произведува струја

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Александар Анѓушев и кандидатката за советничка Љубица Шопова денес се сретнаа со дел од жителите на Лептокарија. Во разговор со граѓаните беа претставени програмските приоритети на коалицијата, како што се зелени и пристапни јавни простори, транспарентно локално управување и оживување на културниот живот во Карпош.
Анѓушев најави јасен курс кон спроведување на одржливи решенија за паркирањето во овој дел од општина Карпош.
„Паркингот пред Лептокарија мора да прерасне во извор на чиста енергија, во Советот ќе бараме поставување на соларни настрешници наместо изградба нова катна гаража и бетон. Јавниот интерес мора да биде пред профитот“, рече Анѓушев.
Шопова зборуваше за приоритетите во делот на културната инфраструктура и јавните објекти.
„Напуштените јавни објекти во Карпош ќе ги пренамениме во живи културни пунктови за музика, театар, ликовни и младински програми. Јавниот простор е право, не милост, културата треба да се гледа и слуша во секое маало“, порача Шопова.
Соопштенија
Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека општината ќе биде пример за развој, со конкретни проекти и визија во областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и соодветна грижа за младите и постарите.
„По децении ветувања-нашиот планински бисер, локалитетот на Калин Камен ќе го добие заслуженото место на туристичката карта, поставувањето на ски лифтот на локалитетот ќе значи реален развој на Калин Камен. Поддршката за младите и спортот ќе биде реална и конкретна, ќе славиме заеднички победи со проектот 100.000 евра годишно за спортот во Крива Паланка. Изградба на ново сообраќајно решение со мост и семафорска раскрсница за поврзување на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ со патниот правец А2 и населбата Бегови Бавчи. Изградба на нов мост преку Крива река во ширина од 7 метри со тротоари за безбедност на учениците и учесниците во сообраќајот“, рече Алексовски.
Алексовски истакна дека ќе се инвестира во патната инфраструктура, младите и спортот, но воедно и Крива Паланка ќе добие спортски терени, нови детски игралишта и прочистителна станица за отпадни води на Крива река.
„Ќе градиме локална и регионална патна инфраструктура, со предвидени над 40 километри асфалтирање на патни правци во повеќе села. Ќе градиме и канализациони системи, ќе ги одржиме постојните и нови зелени површини. Ќе го ставиме во функција градскиот базен, спортот ќе доживее експанзија со доуредување на спортската сала кај мотел Македонија. Младите ќе имаат централно место во нашето работење, ќе формираме центар за млади, младите ќе добиваат не само стипендии, туку спортистите ќе имаат буџет за спортски ваучер, ќе се отвори локално радио Крива Паланка, ќе поддржиме младински старт-апи, ќе се градат и уредуваат нови детски игралишта, спортски терени, ќе ги обновиме училиштата. Крива Паланка ќе добие главен колектор и прочистителна станица за отпадни води на Крива Река, проект за кој етапно ќе изнаоѓаме средства“, вели Алексовски.