Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги корумпира, злоупотребува и врши притисок врз медиумите во Македонија
Медиумите под контрола на Зоран Заев изминативе неколку денови во повеќе наврати се фатени живи како шират лажни вести по нарачка од СДСМ, кој е во паника од претстојниот изборен пораз, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека 2,5 милиона евра од Унгарија завршиле во домашни медиуми.
„Зоран Заев ги злоупотребува медиумите, а Македонија е жртва на хибриден режим. ‘1ТВ’, за која и Заев тврдеше дека е провладина, беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата што се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13. МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во ‘Нетпрес’, само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите“, се наведува во реакцијата.
Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизијата „Алфа“, додаваат од партијата, се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.
„Овој хибриден режим, заедно со СДСМ и Заев, на 12 април ќе падне од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува чесните и професионални обвинители да се охрабрат и да отворат предмет за улогата на Зоран Заев во случајот „Рекет“ и неговата инволвираност во финансирањето и активностите на рекетарската ‘1ТВ’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ за периодот 02.01.2026 – 08.01.2026 година.

• Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.
Контакт e-mail: [email protected]
(ПР текст)
Соопштенија
„Реплек“ во јубилејната 2025 година со раст на профитабилноста и стратегија за експанзија на извозот
Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност во работењето, дури и во услови на интензивни инвестициски активности.
Остварените позитивни резултати во 2025 година се должат на стратешкиот пристап на компанијата, ефективноста во управувањето со трошоците, и променетиот пристап за освојување на нови пазари и зајакнување на портфолиото. Како извозно ориентирана компанија „Реплек АД Скопје“, 75% од своите приходи ги остварува од странски пазари, додека останатите 25% се остваруваат на домашниот пазар. Компанијата е присутна на 25 пазари во светот, а според бизнис планот во следниот период, фармацевтското портфолио на компанијата ќе биде присутно на 40 пазари, односно 15 нови пазари. Тоа значително ќе ги зајакне позициите на компанијата, но и растот на приходите и профитабилноста.
„Деловните резултати што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда дека ‚Реплек’ е позиционирана како силна и стабилна фармацевтска компанија, со јасна визија за долгорочен раст и развој. Успешно завршената година е резултат на доследно спроведената стратегија на континуирани инвестиции во иновации, модернизација на производствените капацитети и храброто освојување на нови пазари, како и на продлабочувањето на партнерствата на постојните. Особено нѐ охрабрува фактот што успеавме да го зголемиме и одржуваме извозот, што е најсилен доказ дека нашите производи ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди и се високо конкуренти, што се должи на посветеноста и професионалноста на целиот тим на ‚Реплек’. Токму во освојувањето на нови пазари, на што посветено работиме, го гледаме најголемиот потенцијал за раст. Остануваме силно посветени на нови инвестиции во технологии, луѓе и знаење и продолжуваме да бидеме компанија што создава долгорочни вредности за заедницата и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Вкупните приходите од продажбите на „Реплек“ во периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2025 година изнесуваат 34 милиони евра, што претставува раст од 8% во споредбата со 2024 година, и е доказ за континуираната динамика на раст и стабилното пазарно присуство на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 8,6 милиони евра, задржувајќи силна позиција и континуирано присуство во клучните сегменти. Преку извозните активности, пак, компанијата оствари приходи од 25,4 милиони евра, потврдувајќи ги своите позиции на странските пазари.
Минатата година, „Реплек“ успешно го имплементираше новиот ERP систем со премин на SAP S/4HANA, со што беше унапредена ефикасноста и контролата на деловните процеси. Компанијата реализираше значајна инвестиција во нов современ производствен блок по највисоки фармацевтски стандарди, со што се модернизира и автоматизира производствениот процес и се зголеми капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25%. Инвестицијата вклучи најсовремена технолошка линија со напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време. Дополнително, успешно беа лансирани девет нови производи на пазарот, со што се збогати понудата за потрошувачите и се зајакна иновативноста и флексибилноста на компанијата.
Bottom of FormФокусот ќе остане на натамошно зајакнување на пазарното присуство, одржлив раст на продажбите, како и континуирано унапредување на профитабилноста, со цел создавање долгорочна вредност за акционерите. Компанијата останува посветена на принципот на висока транспарентност во работењето, кој особено се зајакнува по нејзиното вклучување во МБИ10 индексот на Македонската берза. Потврда за тоа беше и наградата што ја добри „Реплек“ за најтранспарентна компанија од Македонската берза во избор на новинарите, што уште повеќе ја потврдува посветеноста на компанијата кон високите стандарди на отчетност кон јавноста и инвеститорската заедница.
(ПР)
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)

