Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да се описмени и да го праша Ковачевски зошто дозволи фашизам во Битола

Каевски треба да се описмени и да осознае која е причината за поставување восочни фигури низ музеите ширум светот, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако портпаролот на СДСМ обвини дека токму оваа партија за време на, како што кажа, 11-годишниот режим поставувала восочни фигури и се обидувала да ги рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов.
Но, од опозициската партија го обвинуваат актуелниот премиер Димитар Ковачевски дека дозволил промоција на фашизам од Бугарија во Битола.
„Владата на СДСМ и ДУИ поддржува фашизоидни тенденции, а Ковачевски дозволил да се отвори клуб ‘Ванчо Михајлов’ мислејќи дека ќе помине незабележливо.
Откако јавноста силно се крена против отворањето на клубот, Ковачевски излезе со однапред снимено видео, 4 дена по настанот и глуми загрижен“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека СДСМ и ДУИ се спремни на сè , само да останат на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.
Соопштенија
Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи најави реконструкција на големите локални улици, за подобар сообраќај, побезбедни улици, за поквалитетен живот на граѓаните.
„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!“, рече Стефковски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
„Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар.
Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.
Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.
Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони“.
Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.
„Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.