Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов сам ја потврди лагата на Заев

Криминалниот кловн Зоран Заев колку повеќе е во паника, толку повеќе ги тера неговите потрчковци да лажат. Криминалниот кловн Зоран Заев не и мисли добро на Македонија, туку му мисли добро само на Вице, Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска и останатите членови на картелот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ кој побара Мицкоски да одговори како негова компанија експресно добила согласност за изградба на хидроцентрали?
„Костадинов сам ја потврди лагата на Заев изнесувајќи го податокот дека фирмата „Енергомонт“ каде претседателот Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата, каде што добил функција во мај 2015 година, значи една година подоцна. Криминалниот кловн Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)
Соопштенија
За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.
Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.
На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.
Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.
Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.
(ПР)