Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заложник на криминалниот картел што го предводи Заев
Македонија е заложник на криминалниот картел што го предводи Заев. Правната држава стана мислена именка, а за само една година СДСМ и Заев успеаја да го урнисаат целосно поредокот во државата. Обвинителството и судството, наместо да го гонат криминалот, станаа негови заштитници работејќи како партиски подружници кои служат единствено да го амнестираат криминалот на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Боро Стојчев, градоначалникот шверцер од СДСМ, е само последниот во низата амнестистарни од правосудниот систем во Македонија. Амнестиран, како што беше амнестиран и неговиот шеф Зоран Заев во случајот „Поткуп“, во кој тој од струмички бизнисмен, без срам, бараше мито од 200 илјади евра. Тоа што Заев го правеше како градоначалник продолжи да го прави и како премиер. Корупцијата и криминалот царуваат во државата, а сомнително доделените грантови од Фондот за иновации на блиски соработници и партиски послушници се само последниот пример за тоа како работи Заев. Без разлика на молкот од органите на прогонот, народот го памети и криминалниот тендер во здравството тежок 35 милиони евра“, соопшти партијата.
Според опозицијата, за неполни две недели Заев и СДСМ се обидоа од државата да украдат неверојатни 45 милиони евра. „Заев општиот грабеж во државата се обидува да го компензира со распродажба на националните и државните интереси. Иако ветуваше и се колнеше дека нема да дозволи промена на уставното име на државата, а се колнеше и во своите предци и идни поколенија дека нема да дозволи промена на идентитетот и јазикот, Заев го направи спротивното. Картелот во обид да го скрие најбруталниот грабеж во македонската историја се откажа од македонското име, јазик, идентитет, историја, култура, но и од Македонците во соседството.
Како што претходно лажеше дека нема да се откаже од сè што е македонско, Заев сега ги лаже и манипулира граѓаните со референдумот и најави дека и да не успее референдумот, ќе продолжи со имплементација на одредбите од капитулантскиот договор со соседна Грција.
Заев од Македонија прави држава без минато и иднина, само за да продолжи со грабежот на парите на граѓаните. Додека обичниот граѓанин се бори за парче леб, СДСМ ја задолжува државата со милионски суми само за да ги исплати најблиските соработници, медиуми, партиски послушници и државни функционери“, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев и СДСМ се исплашени, знаат дека граѓаните нема да дозволат неговото криминално владеење да продолжи, знаат дека македонскиот народ ги прочита. СДСМ знае дека ќе дојде денот кога оние што сториле криминал и оние што го амнестирале, ќе одговараат за своите дела. Сепак, Заев најмногу се плаши од она на М, Заев е преплашен дека на крајот Македонија ќе победи, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

