Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа

„Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани. Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. Десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, лажниот социјалдемократ Заев е всушност апсолутист кој власта ја користи за лично богатење. Затоа во пикот на епидемијата тој наместо за животите и здравјето на граѓаните е опседнат со бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство. Тоа што починаа скоро 2.600 лица, а 85.000 беа заразени, очигледно не го спречува Заев да ужива во луксузот стекнат со матни зделки, сомнителни коруптивни и криминални набавки.
„Алчноста по злато и пари на Заев ја претворија Македонија во најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана држава во Европа. Додека Заеви јадат со златна лажичка, огромно мнозинство нема ни за леб“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

Во срцето на Ѓорче Петров на локација веднаш наспроти новата општинска зграда ќе ја изградиме првата катна гаража во Ѓорче Петров, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
„Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 360 до 390 возила, ќе вклучува подземен паркинг кој ќе биде со големина од 1.800 метри квадратни и надземен паркинг со површина од 7.200 метри квадратни. Дополнително, овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2.000 метри квадратни“, рече тој.
Соопштенија
Костовски: Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија

Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија, вели кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Спортот прави чуда и создава историја. Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови. Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината. Спортот раѓа здрава младина и дисциплина. Дисциплината создава подобро општество. Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети“, рече Костовски.
Соопштенија
„ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага“, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки. Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена. Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки.
Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром е безобразно и срамно! Над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.
Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски:
Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“? Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“? Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?
Каде е ветената градинка во Долно Лисиче? Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација.
Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања. Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши!“, се додава во реакцијата на СДСМ.