Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е пред колапс со најниска стапка на раст во регионот и Европа

„Не постои ниту еден граѓанин кој живее подобро откако е Зоран Заев на власт, освен снаата на Цветанка Ласкова, Вице Заев, Кочо Анѓушев и останатите членови или роднини на криминалниот картел на власт.Нема ниту еден обичен граѓанин кој може да му купи еден пар патики повеќе на своето дете или може да си дозволи поскап одмор.“, реагира ВМРО-ДПМНЕ за економската состојба во земјата.
Од таму велат дека е лицемерно кога црното економско трио се фали со некакви резултати наместо да се фати за работа.
„Ниедна манипулација или соопштение не може да го покријат фактот дека се фрлија само на крадење, а не на градење.
Владата на Зоран Заев, неговите луѓе задолжени за економијата и инвестициите, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски очиглено не работат ништо. Тие само ја водат Република Македонија кон економска пропаст. Тие се заслужни за катастрофата која и се случува на Македонија. Овој економски тим во последните десет години ја доведе Македонија на најниско ниво на капитални инвестиции. Тие се заслужни за тоа што ја задолжија Македонија со околу 1,5 милијарди евра. Јавниот и државниот долг ги урнаа психолошките бариери, а капитални инвестиции за граѓаните нема.“, соопштува партијата.
Според нив неспособноста на владата предводена од СДСМ во областа на економијата бројките ја потвдуваат секојдневно.
„Последна таква потврда е извештајот објавен од министерството за финансии каде што се гледа катастрофален процент за реализација на капиталните инвестиции од 16,65%. Помина повеќе од половина година, а економскиот тим не може да ги реализира капиталните инвестиции кои сами ги планираа. За споредба претходните влади за истиот период реализираа и по речи 45 проценти од предвидените капитални инвестиции. Неработењето и неспособноста на влада предводена од СДСМ се покажа уште еднаш. Погодени од фактот дека не им оди со капиталните инвестиции, се фалат со локални проекти.
Економскиот тим на Заев сигурно ја води Македонија кон економски крах кој ќе ги погоди сите. Истиот е проследен со грабеж и земање на пари од Буџетот кои завршуваат во џебовите на функционерите од владата предводена од СДСМ.
На овој економски пустош спроведуван од актуелната влада мора да се стави крај.“, сметаат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костадиновски вети нова спортска сала во ОУ ,,Гоце Делчев“ во Виница

Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди, рече кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски.
„Со гордост секогаш стојам пред вас и со вас, затоа што знам дека само заедно можеме да ја вратиме силата на Виница. Како што нашите предци теракотни икони, симбол на вечноста, така и ние треба да оставиме нешто трајно за нашите деца. Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди. Виница од секогаш раѓала херои. Време е да им дадеме вистински услови на нашите деца, кои се иднина на Виница и Република Македонија“, рече тој.
Соопштенија
(Видео) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“, дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

„Сакам да го завршам времето кога за еден документ мораше да се земе боледување. Времето кога работата со општината значеше да стоиш на шалтер и некој да ти каже недостига уште едeн печат. Општината не смее да биде макотрпна обврска, општината мора да биде услуга на еден клик. Затоа ќе ја воведам апликацијата „Мој Карпош“ која ќе претставува дигитален сервис, преку кој граѓаните ќе може да пријавуваат проблеми, да поднесат барање, да добијат одговор“, кажа Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Преку апликацијата ќе можеш да сликаш искршена клупа, запуштена шахта или оштетена инфраструктура и да го испратиш директно до одговорната служба без многу објаснување без број на предмет. Системот сам ќе го проследи а граѓанинот ќе добие известување кога ќе биде реагирано. Тоа е мојата визија за општина без изговори.
Ќе овозможам и целосно електронско барање на документи како уверенија, потврди, пријави. Наместо дојди во понеделник системот ќе ти рече веднаш.
За оние што не користат технологија ќе има и административци на самото лице место кои ќе пополнуваат наместо тебе. Ќе поставам интерактивна мапа на проектите каде секој граѓанин ќе може да види која улица, кога се средува што е во тек, што е завршено.
Транспарентната општина не е онаа што вели ќе направиме, туку онаа што покажува еве се прави.
Мојата визија е граѓанинот да не оди во општината, туку таа да дојде кај него! Не со пароли туку со интернет, не со ветувања туку само на еден клик“, изјави Лукровски.
Соопштенија
Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

„Четири години ја водиме заедно оваа битка. Четири години се бориме за чист, зелен и убав Аеродром! Четири години Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не лажат, ни кажуваат приказни за мали деца, ни продаваат магла!“, порача на вчерашниот митинг носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески.
„Цели 4 години ниту една од ветените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче не е изградена. Последните 2 новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ. Дури и единствената градинка која се проширува во моментов е со пари обезбедени од Владата на СДСМ пред 2 години“, изјави Ристески.
„Секојдневно слушаме поплаки од изневерени родители – условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства за течен сапун, влажни марамчиња, тонери, хартија и слично. Училиштата тонат во долгови за струја, вода, парно, телефон… а долговите на училиштата се најстрого чувана тајна“, додаде тој.
„Ветија нови 100.000 квадратни метри зеленило во Аеродром, а не можат да го одржуваат ни постоечкото. Општината никогаш не била позапуштена: неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор…
Ветија нова општинска зграда, никогаш не ја изградија. 120.000 евра годишно пари на граѓаните троши Општина Аеродром, само за кирија за објектот во кој сега е сместена!
Ветија 3.000 нови паркинг места во Аеродром, ни 100 не изградија. Ветија решавање на сообраќајниот хаос со изградба на 6 нови кружни текови и велосипедски патеки на секоја улица. Ништо од тоа не е направено. 0 кружни текови за 4 години и 0 метри велосипедски патеки се изградени за 4 години во Аеродром.
Доста беа лаги и празни ветувања. Време е за промени, време е да се избориме за нашиот дом. Имаме одлична програмска понуда и уште подобри кандидати за градоначалници и членови на Советите на Аеродром и Скопје“, нагласи Ристески.
„Ја барам вашата поддршка на 19 октомври. Заокружете го бројот 5 пред моето име за кандидатската советничка листа за Аеродром! Овие чесни и трудољубиви луѓе позади мене се вистински борци. Тие знаат и можат да се изборат за поубав Аеродром!“, порача Ристески барајќи ја поддршката за д-р Александар Трајановски за градоначалник на Аеродром и за Каја Шукова за градоначалничка на Скопје.