Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Место нови патишта и пруги, Заев како капитални инвестиции претставува канализациони мрежи

Објавено пред

Зоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со Владата на Република Македонија. На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции што се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, канализациската мрежа од неколку стотина метри што Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невидени размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претставува канализациски мрежи.

,,Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1 100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи. Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р Бугарија.

Закукулено-замумулено, Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15 000 огласи во јавната администрација. Каде и кој сè вработен во јавната администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена.Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните? Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине”, се додава во соопштението.

Компании

Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Објавено пред

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.

Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.

За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.

еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.

„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.

Комерцијален текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Објавено пред

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.

dobivaj vesti na viber

Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.

Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.

Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.

Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Халки поткаст – простор за развој на родителите и децата

Објавено пред

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.

dobivaj vesti na viber

Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.

Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:

● Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?

● Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?

● Како да се справите со детските емоции?

● Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?

Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.

„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.

Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.

Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...

Македонија2 часа

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет4 часа

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...

Македонија4 часа

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија6 часа

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде...

Македонија7 часа

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Голем број граѓани од различни региони на Македонија утрово пријавија неочекуван прекин на електричната енергија, кој започнал нешто по 5...

Македонија8 часа

Наутро минус, а попладне пролет

Неделата ќе започне со утрински температури од -1 до 8 степени, при што во повисоките места и на планините ќе...

Свет21 час

Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај. Разговорот со...

Македонија24 часа

Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето...

Македонија1 ден

Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови...

Економија1 ден

„Шахтерм“ ќе инвестира 50 милиони во Скопје, прва фабрика надвор од Турција

Со поставување камен темелник денеска официјално започна реализацијата на инвестицијата на турската компанија „Шахтерм“, производител на грејачи и отпорници за...

Економија1 ден

„Мудис“ го урна највисокиот рејтинг, Трамп во незгодна ситуација

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво „Ааа“ на „Аа1“, наведувајќи...

Свет1 ден

Путин го откри планот за октомври, а кој нема да му се допадне на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин ги покани лидерите и генералниот секретар на Лигата на арапските држави да учествуваат на првиот руско-арапски...

Економија1 ден

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра,...

Македонија1 ден

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи...

Свет1 ден

На заробените Украинци им вадат и бушат нокти, им сечат прсти, им вадат очи со лажица…

Војната во Украина, која започна во февруари 2022 година со руската инвазија, трае повеќе од три години и има сериозни...

Македонија1 ден

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од...

Економија2 дена

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…...

Свет2 дена

Главниот преговарач на Москва се огласи и испрати порака: Русите секогаш го добиваат своето

Војната и преговорите во историјата отсекогаш се воделе истовремено, изјави шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник...

Македонија2 дена

(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март...