Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: На Заев РЕК Битола му беше важен само за да испумпува пари преку сомнителни тендери

РЕК Битола и АД ЕЛЕМ две години чекаат инвестиции од власта, а инвестиции нема. За Заев беше поважно парите од РЕК Битола да ги испумпува преку сомнителни тендери, кои ги добиваа фирми кои се поврзуваат со Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на посетата на премиерот на овој комбинат.
„Заев имаше две години да направи било каква инвестиција во РЕК Битола, но тоа не го стори, затоа што капиталните инвестиции не му се приоритет, не му се ни сега, туку во изборна кампања ги лаже граѓаните“, се наведува во партиската реакција.
Од опозициската партија сметаат дека на Зоран Заев и како што велат, на неговиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, не може да им се верува.
„Десетина пати само во текот на оваа година во времетраење од неколку денови имаше испади на блокови во РЕК Битола, секој испад ја чинеше државата над 200.000 евра. Бројот на испади откако е СДСМ на власт е огромен, а штетите по државниот буџет огромни“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека власта не знае да менаџира со енергетскиот сектор.
Како што велат од таму, Заев и Пендаровски се различно лице на иста паричка, па токму затоа СДСМ мора да си замине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ЗНАМ: Безбедниот сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање максимални услови

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на прес-коференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски.
Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.
„Во следниот период се предвидува:
· Целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде.
· Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот.
· Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост.
· Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.
· Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро.
· Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи.
· Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.
Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани“, додаде Липковски.
Куманово, како што нагласи, ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.
Соопштенија
(Видео) Михајлов: Изградба на мини полигон за децата да ги учат правилата во сообраќајот во Пробиштип

Во периодот што следи ќе изградиме мини полигон со симулација на сообраќај, специјално уреден простор каде децата на забавен, но целосно безбеден начин ќе учат за правилата во сообраќајот.
Полигонот ќе содржи мали улици, крстосници, семафори, сообраќајни знаци и патеки за велосипеди, за најмладите да можат, практично, да ги вежбаат ситуациите што секојдневно ги среќаваат на улица, најави Дејан Михајлов, кандидат за советинк во Советот на Општина Пробиштип.
„Тука децата ќе учат како правилно да поминуваат пешачки премин, како да се движат со велосипед, како да застанат и кога да тргнат. Се во услови кои наликуваат на вистински градски сообраќај, но без никаква опасност.
Просторот ќе биде опремен и со клупи и зелени површини, така што родителите ќе можат да се релаксираат, додека нивните деца учат и се забавуваат.
Овој мини полигон ќе стане ново омилено катче за семејствата во Пробиштип, место каде што играта и учењето се спојуваат, а децата стекнуваат здрави и безбедни навики уште од најрана возраст.
Со тоа го подигнуваме нивото на сообраќајна култура и безбедност во целата општина.
За нашите деца, за тебе, за твоето место, за твојата иднина“.
Соопштенија
Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Време е за вистински чист Карпош. Хигиената во Карпош не е прашање на свест и култура, тука на одговорни општински служби што ја работата својата работа. Ако улиците се валкани, ако контејнерите се преполни, ако низ маалата мириса, тоа не е вина на граѓаните, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа, како што додава, е доказ дека системот не функционира.
„Јас нема да го прифатам тоа, затоа што и самиот сум дел од Карпош ќе воспоставам систем во кој чистотата ќе стане брендот за Карпош. Затоа што ништо не зборува повеќе за една општина, отколку хигиената во јавниот простор.
Во моментов, изгледаме запоставено, со многу смет наоколу. Јас нема да дозволам Карпош да остане Бела Африка. Ќе ја направам општината најчисто и најуредно место во Скопје.
Службите ќе мора редовно да ги чистат парковите, тротоарите и улиците. И да ги празнат кантите, затоа што тоа е нивната работа и затоа земаат плата. Ќе воведам редовно собирање на кабастиот отпад, за да се спречи фрлањето на шут и отпад по улиците.
Но јас нема да застанам тука. Ќе воведам ноќно миење на улиците кога градот спие. Специјализирани возила ќе ја мијат коловозната површина со притисок и дезинфекциски средства.
Не само, чисто на хартија. Туку вистински измиено и пријатно за секој жител и посетител. Во текот на денот, ќе воспоставам мобилни екипи за постојано одржување кои ќе се движат низ населбите и ќе интервенират веднаш кога ќе има истурен отпад или несоодветно ставени предмети“.
Нема да дозволам, нагласува тој, локации да стојат запуштени со денови.
„Секој агол ќе биде покриен. Ќе го зголемам бројот на корпи за отпад за 10 пати, затоа што не може да бараме ред од граѓаните ако не им дадеме услови да го одржуваат и да ги празниме кантите редовно.
Ќе воведам и систем за брза реакција против вандализмот. Ако некој скрши клупа, истури шут, екипите ќе бидат таму во рокот од само неколку часа. Не затоа што јас сакам да глумам херој, туку затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи вандализмот.
Да не му дадеме време да трае. Со апликацијата Мој Карпош, секој граѓанин ќе може да испрати фотографии, локација и ќе добија известување кога екипата ќе интервенира. Сакам хигиената да стане гордост на Карпош.
Не срам како до сега. Бидејќи тоа се пренесува од генерација на генерација. Тоа никако не е прифатливо во 21 век, но хигиената не е само чистење. Таа е одржливост во култура на грижа за нашиот дом. Ќе воведам, едукативна програма во училиштата за селектирање на отпад, ами за општините ќе поставиме специјални контејнери за стакло, пластика и хартија.
Не како декор, туку со реално, редовно празнење. Ќе ги поттикнам здруженијата и младите што сакат да организираат акции за чистење. Не со благодарници, туку со конкретна, логистичка и материјална поддршка.
Да ја направиме хигиената наша секојдневна навика, видлива, брза и доследна. Сакам граѓанинот на Карпош, кога ќе излезе наутро да не се прашува дали е чисто. Туку да знае дека е чисто.
Да знае дека постои служба што работи за него. Не за некого одозгора. Тоа ќе го постигнам со јасен систем, одговорност и редовен мониторинг на службите.
И ќе бидам таму, секој ден, на секое ќоше во општината. Затоа што се води општината со ред, со грижа и со присуство. Јас сум Сотир Лукровски и верувајте, така и ќе биде“.