Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема епилог на истрагата за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп
Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во јавноста како “евро за Вицето, евро за црквата“, трет пат за Пуч и четврти пат за барање упатено до бизнисмените да вршат поткуп на граѓани да излезат на референдум, за што постојат и видео докази.
,,Јавното обвинителство иако најави истрага за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп од страна на бизнисмените епилог се уште нема. Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: – Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците.
Заев во говорот продолжува и вели: – Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе. Ова е директен повик за поткуп при избори и гласање казниво согласно чл.162 од КЗ и е директно загрозување на правото на слободата на гласачите, со што се крши чл.160 од КЗ.
Од оваа изјава на Заев постојат доволно индиции и укажување на докази кои се доволни против Заев веднаш да биде покрената постапка. Јавното обвинителство наместо да постапи веднаш и без одлагање чекаше да помине референдумскиот процес за да соопшти дека ќе поведе истрага”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
,,Помина еден месец откако Јавното обвинителство кажа дека ќе покренува истрага, но резултат од тоа уште нема, од ова произлегува само едно, дека институциите на системот не се заинтересирани да постапуваат по случаи каде постојат индиции за криминал извршен од страна на Зоран Заев. Хаосот и криминалот кој се прави од власта не смее да продолжи. Секој еден претставник на власт треба да знае дека за било кое нелегално дејствие одговорност ќе има, кога ќе се врати правната држава”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

