Соопштенија
Мицкоски: Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно

Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно поради коронавирусот. Претходното деноноќие Македонија имаше 26 мртви од Ковид-19. Дури 132 починати за само една недела. 132 семејства завиени во црно, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„По Втората светска војна до денес, Македонија не памети толку големи човечки загуби. Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада што прави геноцид врз својот народ преку бруталната неспособност, каде што ништо не е под контрола“, пишува во соопштението од Мицкоски.
Тој вели дека е убеден оти да сме ја немале оваа, како што вели, неспособна Влада, денес ќе сме имале повеќе спасени животи.
„Државата се соочува со најголема смртност предизвикана од коронавирусот затоа што здравствениот систем е мизерен и клекнат на колена. Државниот апарат не функционира. Зоран Заев ги упропасти сите шанси за што и да било подобро. Овој човек е неспособен да донесе иднина, но затоа е прв во лаги, неспособност и криминал и затоа мора оставка и Влада од стучни луѓе за национален спас“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски најави голем инвестициски циклус, каде, како што рече, покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка.
„Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, а до сега инвестираме некаде околу 500 милиони евра во сите општини заедно, ќе има и дополнителни средства коишто министерството за транспорт во соработка со Светска банка ги има обезбедено и ќе почнеме да ги реализираме во годините 2026, 2027, 2028 и 2029“, потенцираше Николоски.
Тој денеска беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски.
Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите.
Соопштенија
(Видео) Димитриев: Време е за промени – време е за нова ера во Аеродром

„Денес сите можеме да ја почувствуваме енергијата на промена“, изјави Марјан Димитриев, кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од Левица на средбата со граѓани на која присуствуваа и Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Луѓето се охрабрија и јасно кажуваат дека вака не може повеќе. Доста беше лаги, доста беше корупција, доста беше истите луѓе да се кријат зад празни ветувања и да мислат дека можат да не купат со лажни насмевки и чистење само пред избори“.
Димитриев во своето обраќање остро ја критикуваше состојбата во општината, нагласувајќи дека „Аеродром никогаш не била понечиста општина“. Според него, службите што треба да го одржуваат јавниот ред и хигиена не функционираат, а целиот систем се свел на „испумпување пари од буџетот на општината кон приватни фирми за чистење кои не се ни појавуваат на терен“.
„Во последниот мандат потрошени се над три милиони евра за чистење, а општината никогаш не била понечиста,“ истакна тој, најавувајќи целосна реорганизација на јавното комунално претпријатие. „Нема повеќе да има тендери за приватни фирми за чистење. Парите ќе се инвестираат таму каде што треба во нова механизација, повеќе вработени и силна општинска служба што ќе ја врши работата навремено и чесно“.
Како втор приоритет, Димитриев го посочи решавањето на загадувањето кое, како што рече, со години го гуши Аеродром. „За да го решиме овој проблем, најпрво мора да адресираме чија е одговорноста за оваа состојба денес“, потенцираше кандидатот. „Овде, пред сè, мислам на одговорни лица во Општината Гази Баба и Град Скопје за случајот со Вардариште, како и на одговорни лица за случајот со Усје. Ќе бидат покренати кривични постапки за овие лица за непостапување по службена должност“.
Во делот на капиталните проекти, Димитриев најави изградба на Аеродромска чаршија – место за занаетчии, мали бизниси, култура и дружење, изградба на Технолошки парк кој ќе биде двигател на иновациите и новите технологии и ќе отвори современи работни места за младите, како и изградба на Дом на културата во Аеродром, каде што граѓаните ќе можат да гледаат театарски претстави, концерти и изложби што ќе го збогатат културниот живот во општината.
На крајот од своето обраќање, Димитриев упати јасна порака до граѓаните: „Време е за промени! Аеродромци, доаѓа наше време – време за вистинска промена“.
Соопштенија
(Видео) Стефковски: Реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, инвестиција вредна 37 милиони денари за подобра патна инфраструктура во Гази Баба

Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес заедно со потпретседателот на Владата, Александар Николоски извршија увид во населеното место Ченто, каде во тек е реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, една од поважните сообраќајници во општина Гази Баба.
„Проектот опфаќа комплетна реконструкција на главната улица и на сите нејзини краци, во вкупна должина од 2,5 км, вкупната инвестиција на овој проект е 37 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Македонија преку Министерството за транспорт“, истакна Стефковски.
Стефковски истакна дека во Хиподром се одвива реконструкција на улицата Париска Комуна, проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции и најави реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба, со цел да се подобри патната инфраструктура.
„Ова е само еден од низата капитални инфраструктурни проекти коишто се реализираат со поддршка на Владата. Интензивно се гради улицата Париска Комуна, улицата Јордан Поп Јорданов во Маџари, а наскоро од денес започнуваме со градежни активности и реконструкција повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба“, заклучи Стефковски.