Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нивото на загаденост на воздухот е 10 пати над дозволеното

Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10-честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.
,,Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Наместо решенија, се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.
И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи, потребни се итни мерки што ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација на целата територија на државата. Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт штетите по државата се сè поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија!”, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Новотни: Нема да има коридори за брза профитабилност во општина Центар

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, Антони Новотни, предупредува дека неконтролираната урбанизација го руши јавниот простор и квалитетот на живот, притоа најавувајќи долгорочен план за заштита на зелените површини и јавниот простор кој има историско значење.
„Урбаното дивеење ги уништува јавните простори и човечкиот квалитет на животот. Потребен е конкретен, долгорочен план: ревизија на урбанистичките планови и јасни критериуми што го штитат историското и зеленото наследство“, вели Новотни.
Тој нагласува дека приватниот интерес мора да се усогласи со јавниот во управувањето со општина Центар.
„Сопствениците и инвеститорите ќе бидат обврзани да придонесуваат за јавниот интерес, а дозволите ќе се даваат само по транспарентни јавни расправи,“ порачува Новотни, притоа додавајќи дека нема да има веќе коридори за брза профитабилност.
„Само плански, со одржлив развој, нашиот Центар ќе биде убаво место за живеење. Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина“, порачува Новотни.
Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.