Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш немало повеќе дупки по улиците во Бутел
Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, изјави Тони Мартиновски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Бутел.
„Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната по која има огромни кратери. Жителите на населбите Бутел и Радишани постојано ни се жалат и велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на своите возила“, рече Мартиновски.
Тој додаде дека Град Скопје во октомври минатата година ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт, а до пред неколку дена не беше поставен ни тампон слој.
„Градоначалникот на Скопје, Шилегов се правда, моли за разбирање на граѓаните, но не кажува зошто повеќе од четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај. Според членот 22 од Законот за локалната самоуправа граѓаните имаат право на надомест доколку возилата им се оштетени заради раскопаните улици“, истакна Мартиновски.
Во името на советничка група на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел тој побара од општината лично да се заангажира и да побара од градот Скопје час поскоро да се реши овој горлив проблем на граѓаните. Мартиновски оцени дека револтот од ден на ден се повеќе расте и трпението се намалува особено затоа што за оваа ситуација немаат слух ниту градот ниту општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

