Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Никола Димитров е вмешан во аферата „Рекет“

Објавено пред

Сведок во процесот рече дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиона евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува. Кои се мотивите за ваквото однесување треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев.

Димитров пред неколку месеци првин излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои, јавноста има право да знае што има во него.
Никола Димитров да не го скрива документот и да не ја прикрива вистина. Нека го предаде во Обвинителството заради тоа што самиот е свесен дека според законот се одговара за прикривање кривично дело.

Со изјавите дека тој не е вмешан и немал никакви сознанија, министерот за надворешни работи се дави во вителот  лаги исто како и неговиот патрон Заев, чија вмешаност во овој случај е очигледна. Кого се обидува да штити Димитров?

Одговорност мора да има, ако Димитров знаел за рекетирањето, а не го пријавил, самиот е вмешан во најкриминалната афера на оваа крими-влада што ја штити. Вистината излегува на виделина. Димитров и Заев нема да може да се скријат од одговорноста, која ќе биде побарана за да биде намирена правдата по 12 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Објавено пред

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!

dobivaj vesti na viber

„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.

Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.

Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.

Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.

Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.

Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.

Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.

Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Алкалоид“ на Третата регионална ESG-конференција на AmCham: градење резилиентност во свет што се менува

Објавено пред

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово.

dobivaj vesti na viber

Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи платформа за стратешки дијалог, регионална соработка и усогласување на ESG-приоритетите во контекст на заедничките предизвици и цели на регионот.

„За компаниите во земјава и регионот примената на ESG-принципите повеќе не е избор – тоа е стратешки чекор кон одржлив раст и поголема конкурентност на глобалниот пазар“, истакна во својот воведен говор Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Во својство на член на Бордот на директори на Американската стопанска комора, Мукаетов потенцираше дека иако општествената одговорност на компаниите (CSR) често се смета за правилната работа што треба да се направи, ESG сè повеќе се препознава како паметен пристап, особено во контекст на глобалните предизвици и стремежот кон долгорочна резилиентност и одржливост на бизнисите. Од објавувањето на првиот ESG-водич за известување од страна на Македонската берза во 2022 година, изработен со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започна видлив напредок во областа на ESG-сообразноста кај компаниите во земјава и регионот.

Сепак, како што беше нагласено од страна на говорниците на Конференцијата, процесот на имплементација сè уште е неконзистентен и нецелосен. Учесниците упатија јасен повик за појаснување на регулативната рамка, воспоставување посилни стимулации и обезбедување техничка и институционална поддршка за градење капацитети, со цел да се овозможи поширока, посистемска и поефикасна примена на ESG-стратегиите во сите сектори на економијата. Особено беше потенцирана важноста од усогласување на националните регулативи со стандардите на ЕУ за одржливост, имајќи предвид дека ЕУ е најголем трговски партнер на регионот.

Во рамките на втората панел-сесија насловена „ESG во рамки на ЕУ-регулативата: клучни импликации за компаниите од Западен Балкан“, говореше координаторот на ESG-одборот на „Алкалоид“ АД Скопје, Димитар Ристовски, кој изјави:

„За ’Алкалоид’ ESG-стандардите не претставуваат само формална обврска – тие се суштински дел од нашето секојдневно работење и стратешки двигател за управување со ризици, поттикнување иновации, обезбедување долгорочна конкурентност, градење доверба кај инвеститорите и пристап до одржливо финансирање. Денес вистинското лидерство не се мери само преку финансиските резултати, туку и преку влијанието што компанијата го има врз луѓето и животната средина.“

„Алкалоид“ досега има објавено три ESG-извештаи, а минатата година компанијата го доби признанието „Добри ESG-практики за 2024 година“ од страна на Македонската берза и Американската стопанска комора за својот најнов консолидаран извештај, изработен на ниво на целата групација.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот

Објавено пред

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, едуцираат и ќе алармираат за поголема одговорност во сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите во стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Многу внимателно и посветено пристапуваме кон активностите и кампањите кои што имаат за цел да ја подигнат јавната свест за тоа колку е важно да се биде одговорен учесник во сообраќајот. И тоа не го правиме само преку донации, туку и преку едукативни работилници и кампањи во кои што се вклучени релевантни партнери од општеството во кое работиме. Едукацијата и превенцијата се вистинскиот начин за подобрување на сообраќајната култура и намалување на негативната статистика од патиштата во државата“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ е фокусирана на предупредување на јавноста за опасноста од неодговорно однесување во сообраќајот преку реални животни ситуации, со цел да поттикне промена на навиките и однесувањето на учесниците во сообраќајот.

„Состојбите на терен укажуваат дека покрај редовните контроли на нашите екипи, потребна е соработка и активно вклучување на повеќе чинители во подигнување на свеста кај луѓето. Праксата покажува дека информирањето и едукацијата се многу важни во превенцијата на поголем број на сообраќајни несреќи. Затоа сме уверени дека оваа кампања ќе допринесе кон она што е наша заедничка цел – безбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот“, истакна Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Според податоците, најголемиот број на незгоди се случуваат како резултат на невнимание во текот на сообраќајот.

„Брзиот и динамичен начин на живот го зголемува процентот на сообраќајни незгоди, што за нас е дополнителен аларм за интензивирање на активностите во насока на превенција преку едукација за подигнување на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот. Веруваме дека и оваа кампања преку иновативни и суштински пораки ќе даде придонес учесниците во сообраќајот да бидат совесни и повеќе да внимаваат“, потенцираше Горан Ангеловски, претседател на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Кампањата „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ ОКТА ја лансира преку платформата „Јас Внимавам“ која што е еден од столбовите на кои што се базира стратегијата за општествена одговорност на компанијата. Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика на годишната манифестација организирана од Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. Платформата беше оценета како најефективна и најсеопфатна во однос на прашањата со кои се занимава. „Јас внимавам„ беше избрана во конкуренција на 15 големи компании со вкупно 24 проекти.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија31 минута

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет12 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија13 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ15 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија16 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија19 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија19 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија19 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија21 час

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија22 часа

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија24 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет1 ден

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа1 ден

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет1 ден

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа1 ден

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет1 ден

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет1 ден

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...