Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не ги решава тековните проблеми на земјоделците, а лаже и за тоа како ќе било во иднина
Љупчо Николовски, министерот кој бега од земјоделците и проблемите со кои тие се соочуваат, денес повторно даваше лажни ветувања, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на министерот за земјоделство.
Оттаму додаваат дека Николовски со месеци не почувствувал потреба да разговара со земјоделците за огромниот број на проблеми со кои се соочуваат, а денес, како што велат, лажел за тоа како ќе било во иднина.
„Земјоделците се соочуваат со проблеми сега. На земјоделците им е потребна помош сега а, не објаснувања како ќе биде. Во година во која и полјоделците и овоштарите и сточарите и производителите на раноградинарски култури се соочуваат со огромни проблеми, Николовски не направи ништо за решавање на барем еден проблем“, се наведува во партиското соопштение.
Од опозициската партија велат дека Николовски треба да одговори пред земјоделците зошто не го исполнил ветувањето за формирање на интервентен фонд во висина од 6 милиони евра.
„Министерот треба да одговори и каде е зелената нафта за земјоделците, што три години ја ветуваа. Да каже зошто не се договара откупната цена и зошто земјоделците секој ден се соочуваат со проблеми, а тој упорно ги игнорира нивните барања“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека се додека Николовски не одговори на овие прашања и избегнува да разговара за реалните проблеми, тој само потврдува дека СДСМ има потценувачки однос кој земјоделците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

