Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Николоски во Брисел еден од клучните говорници на конференцијата на ЕПП – ЕУ и Западен Балкан

Објавено пред

Европската народна партија организира конференција на високо ниво насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“. Конференцијата ќе се одржи денеска во Европскиот парламент во Брисел, а нејзината цел е да се истакне преку две панел-дискусии поддршката на евро-интеграциските процеси во регионот.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е поканет да се обрати како еден од клучните говорници, информираат од неговата партија.

Во соопштението по повод настанот од ЕПП стои дека некој може да биде „за“ или „против“ политиките за проширување на ЕУ, но никој не треба да го игнорира тоа дека регионот се следи со апетит од други големи сили. Во реалноста, меката моќ на Европската Унија веќе се натпреварува со надворешнополитичко влијание, странски инвестиции и дури и различни културни и општествени модели. Во соопштението се вели и дека Европската народна партија ќе продолжи целосно да ги поддржува шесте земји, нивните институции и граѓаните преку процеси на демократизација и модернизација на патот кон членството во ЕУ, а главните пораки од конференцијата според соопштението се поддршката на политичкиот дијалог помеѓу Европската народна партија и земјите од регионот, проценувајќи ја секоја држава на индивидуално ниво според нејзините заслуги, како и инсистирањето на реформите во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и билатералната соработка, ваквите пораки кои ЕПП ги навела во своето соопштение денеска преку соопштение и пренесе и ВРМО-ДПМНЕ.

Конференцијата ќе биде отворена од претседателот на групата на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, и ќе се одржат два панела – „Зголемувањето на прекуграничната соработка и справување со безбедносните прашања“ и „Зајакнување на социјал-економскиот развој преку регионално вмрежување и дигитална економија“ првиот ќе биде модериран од страна на Елмар Брок, а втората ќе биде модериран од Едвард Кукан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се очекува да има и бројни билатерални средби на маргините на Конференцијата, информираа преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

SEAT ги претстави новите Ibiza и Arona: Освежен дизајн, напреден ентериер и уште поголема вредност

Објавено пред

Одбележувајќи ја својата 75-годишнина, SEAT започнува возбудливо ново поглавје со освежување на два од своите најпопуларни модели – Ibiza и Arona. Овие обновувања не само што ја прославуваат традицијата на брендот, туку и ја потврдуваат неговата посветеност на достапни автомобили.

dobivaj vesti na viber

Новите SEAT Ibiza и Arona повторно ги поставуваат стандардите во своите сегменти со живописен дизајн и напредна технологија. Двата модела прават нов чекор напред, водени од три клучни столба: освежен надворешен изглед, префинета внатрешност и засилена вкупна вредност.

„SEAT Ibiza и Arona се вистински приказни за успех, основни за нашата понуда и за растот на брендот. Како два од најиконските модели на SEAT, тие имаат клучна улога во овозможување на лесно движење низ градовите и даваат можност на луѓето слободно да се движат кон нови можности“, изјави Маркус Хаупт, извршен директор на SEAT. „Со освежен надворешен изглед и унапредена внатрешност, ја зголемуваме нивната вредност и привлечност. Истовремено, ги подготвуваме двата модела за иднината, со претстојното усогласување со стандардот EU7 и воведување на mild-hybrid погонски системи.“

SEAT Ibiza е вистинска икона во својот сегмент. Од своето деби во 1984 година, се продадени над 6 милиони примероци низ пет генерации — постојано се развива, прифаќајќи нови идеи и инспирирајќи младешки, креативен и напредно ориентиран дух.

SEAT Arona, урбан SUV, изгради силна база на обожаватели од своето лансирање во 2017 година. Со над 750.000 продадени примероци, таа продолжува да им дава задоволство на возачите кои бараат енергичен, младешки SUV подготвен да се справи со секој урбан предизвик.

ОСВЕЖЕН НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД

Новите SEAT Ibiza и Arona донесуваат посебен и карактерен дизајн што ја одразува еволуцијата на потребите на современите возачи. Двата модела сега имаат освежена стилска линија, живописни нови бои и комплетно обновен избор на алуминиумски тркала — достапни во големини од 15” до 18”.

Еволуцијата на дизајнот носи нов и постабилен изглед, бидејќи предницата на двата автомобили е целосно обновена. Новиот хексагонален дизајн на решетките, комбиниран со иконската мат/полирана дијамантска мрежа, ја истакнува спортската карактеристика и ги нагласува пошироките пропорции. Новите, потенки Full LED предни светла ја потенцираат ширината на автомобилот додека го редефинираат изгледот на предницата. Нивниот префинет светлосен потпис не само што додава по-технички изглед и им дава поодлучен карактер на автомобилите, туку и ја подобрува видливоста со поголем досег и светлина на зракот, при тоа користејќи помалку енергија.

Овие обновувања се надополнуваат со совршено пропорционираниот профил од страната, нагласувајќи ја динамичната појава на патот.

На задниот дел, новиот SEAT Ibiza воведува целосно редизајниран браник, кој ја потенцира неговата спортска и младешка атмосфера. Хоризонталната акцентна линија на горниот дел е продолжена, создавајќи поширок изглед. Темните алуминиумски букви за моделот – без разлика дали е Ibiza или Arona – додаваат модерен и препознатлив завршен детаљ.

Во FR нивоата на опрема, ласерски гравираното FR лого на B-столбот додава суптилен, но спортски акцент. Атлетските пропорции дополнително се истакнуваат со новата линија алуминиумски тркала со поефикасна технологија на гуми — што ја подобрува и динамиката и ефикасноста. Линијата на тркалата вклучува нови дизајни за секој модел: Ibiza добива две опции од 17” и две од 18”, додека Arona добива две опции од 16” и две од 18”. Достапни во обоени или машински завршетоци, овие се приклучуваат на постојната палета (15” до 18”) за да обезбедат поголемо визуелно влијание и можности за персонализација.

Конечно, палетите на надворешни бои на Ibiza и Arona се освежени со поживи и младешки нијанси. Liminal, Oniric и Hypnotic се придружуваат на постојните бои, додавајќи нова енергија и личност во понудата.

Појавата на генеративната вештачка интелигенција создаде естетика со храбри геометрии, неочекувани композиции и живописни бои. Дефинирани од тензијата помеѓу вештачкото и фотореализмот, овие визуелизации постојат во пространство помеѓу реалноста и имагинацијата. За SEAT, овој јазик се совпаѓа со неговата живописна, динамична и експресивна идентичност.

Експресивна до последниот детал, Arona нуди две контрастни опции за боја на кровот: Midnight Black и новата Manhattan Grey.

ПРЕФИНЕТА ВНАТРЕШНОСТ СО ПОВЕЌЕ ВРЕДНОСТ ОД КОГА И ДА Е

Внатре, двата модели се истакнуваат со повисок квалитет, дизајн и поврзливост — без да го изгубат препознатливиот простор и прецизност. Кабината воведува нови впечатливи текстили, префинети материјали, потемен покрив и суптилни, неутрални акценти на воздушните отвори, додавајќи рафинираност на внатрешноста. Во FR launch изданието, спортските седишта сега се стандардни, додавајќи спортски карактер и поголема удобност — нудејќи совршена рамнотежа помеѓу секојдневната практичност и динамичното чувство при возењето.

Новата стаклена градина во црна боја задава тон за порафинирана и карактерна кабина, дополнета со впечатлив текстил на седиштата, текстилни панели на вратите и материјали со мек допир кои додаваат и личност и перцепиран квалитет. Новите детали и текстури ја подигнуваат внатрешноста на повисоко ниво.

Воланот обвиткан во 100% премиум перфорирана кожа нуди тактилно чувство на прецизност од првиот момент на допир. Црниот покрив дополнително ја зајакнува импресивната атмосфера во кабината.

Од технолошка страна, двата модели доаѓаат со подобрени дигитални функции, вклучувајќи го новиот SEAT Sound систем со шест звучници, субвуфер и засилувач од 300W за висококвалитетно аудио искуство. Со надградениот 15W безжичен брз полнач со технологија за ладење, да останете поврзани и со наполнета батерија додека сте во движење е полесно од кога било.

Дизајнирани, развиени и произведени во напредните погони на SEAT во Марторел, Барселона, двата модели ќе бидат лансирани во јануари 2026 година, предводејќи ја стратегијата на SEAT базирана на Производ, Дилери и Комуникации. Во рамките на Производот, целата понуда на SEAT ќе биде обновена со електрифицирани опции до 2028 година — почнувајќи со mild-hybrid верзии на Ibiza и Arona во 2027 година, проследени со целосен хибриден погон на SEAT Leon во 2028 година, и понатамошни надградби на Leon и Leon Sportstourer во 2029 година.

SEAT останува цврсто посветен на своите дилери и клиенти, со повеќе од 1.400 продажни места и 3.000 сервиси ширум светот, нудејќи конкурентни услуги и одржување, атрактивни осигурителни пакети и широка гаранциска покриеност. Во меѓувреме, Комуникациите се развиваат со освежена визуелна идентичност и обновена палета на бои, задржувајќи го SEAT жив, релевантен и блиску до својата публика.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костадиновски: Нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, изградба на кружен тек и фитнес зона на отворено во Виница

Објавено пред

На вечерашниот мини-митинг во општина Виница, во рамките на вториот круг локални избори кои ќе се одржат во недела на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски, кој истакна дека ја очекува поддршката од граѓаните во недела за уште повеќе проекти и инвестиции, кои ќе донесат развој на Виница.

dobivaj vesti na viber

„Верувам дека ќе ја заокружиме победата во вториот круг, да продолжиме со проектите во Виница, ние сме со реални проекти и програма кои планираме да ги реализираме наредните 4 години, сметам дека допревме до секој од вас ве запознавме со нашата визија за Виница, затоа во недела ја барам вашата доверба да продолжиме со уште посилно темпо, со уште поголеми проекти“, вели Костадиновски.

Кандидатот за градоначалник на општина Виница ги наведе проектите кои ќе се реализираат како во областа на образованието и спортот со изградба на нова спортска сала, спортски игралишта и фитнес зона, така и инвестирање во најмалите со доградба на детската градинка, но и подобрување на сообраќајот во општина Виница.

„Ја барам вашата поддршка за нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ кое е единствено училиште во општина Виница кое нема спортска сала, за доградба за нова градинка, за подобрување на сообраќајот, изградба на кружен тек, за нови улици во градот и населените места и за формирање на зона за мало стопанство кај м.в Скараница, село Блатец. За изградба на фитнес зона на отворено во Виница, реконструкција и изградба на спортски игралишта во населените места, за подобрување на водоснабдувањето, за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа и уште многу други проекти“, рече Костадиновски и додаде:

„Затоа ве повикувам сите масовно во недела на 2 ноември да излеземе и да го заокружиме бројот 9 за ВМРО-ДПМНЕ и победничката коалиција „Твоја Македонија“, заврши Костадиновски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски изборната кампања ја заокружува со средби со граѓаните, исто како што ја започна, на терен, слушајќи ги граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Тој, заедно со идниот тим на советници беа позиционирани на неколку локации во Центар кадешто граѓаните можеа да се информираат за програмата и проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

„Денеска е последниот ден од кампањата. Водевме фер, чесна и многу конструктивна кампања со директни средби со граѓаните, со реална програма која беше препознаена во првиот круг. Граѓаните даваат голема поддршка за Центар што го сакаме. Центар е општина на мудри, искусни и добронамерни граѓани, кои го сакаат и заслужуваат најдоброто за себе. Центар се луѓето, Центар е нова приказна, Центар е сето што го сакаме. Благодарам на секој разговор, предлог, идеја и поддршка. Ве повикувам во недела да излеземе масовно на гласање и заеднички да ја потврдиме победата. За континуитет, за развој, за посреќен живот во Центар. За Центар што го сакаме!“, порачува Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Загинатите во тешката сообраќајка кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија1 час

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Македонија1 час

„Влен“: Ако за ДУИ промената значи само смена на координаторот Беџети, тогаш го запечати својот политички крај

Движењето ВЛЕН во соопштение оцени дека дебаклот бил јасен како ден и дека ДУИ е избришана од политичката карта. „Сите...

Регион2 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион5 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија5 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа5 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион5 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет6 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа6 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија7 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет7 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион7 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион8 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ17 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ17 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ18 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ18 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија21 час

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија22 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...