Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Новинарите да не подлегнуваат на притисоците од Заев

Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Заев и картелот околу него не се суетни, туку се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека е јасно како ден оти во Македонија владее криминален тоталитарен режим.
„Шведска потврди дека во Македонија Заев спроведува политички прогон и дека случајот ’27 април’ е уште една политичко-судска монтировка на Зоран Заев. Шведска одби да екстрадира еден од обвинетите за 27 април, со образложение дека во делото нема елементи на тероризам, а во нашата држава се спроведува политички прогон“, стои во партиското соопштените.
Според опозициската партија, ова ја прави Македонија единствената држава во демократска Европа во која во 21 век има политички затвореници, кои лежат по затворите само поради различните политички ставови од оние на власта.
„Висок функционер на актуелната власт вчера потврди дека Зоран Заев влијае врз македонското судство. Потврди дека тој се мешал во правосудниот систем и барал начини да ги стави под своја контрола сите судии. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, отворено посочи дека судството е под контрола на Заев“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, никој во Република Македонија не верува дека Заев, човек кој, како што велат, е трипати амнестиран за криминал, не е на чело на криминалниот октопод.
Од таму порачуваат дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога Заев ќе си замине од политиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Угринска: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Угринска, најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.
„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“
Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.
„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.
Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.
„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, Ана Угринска.
Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до црквата „Св. архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.