Соопштенија
ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид бара решавање на проблемите што настанале при исплата на штетите од земјотресите
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид преку соопштение информира дека бара разгледување на проблемите што настанале при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 година, како и предлог-мерки за нивно надминување.
„Од овие причини, денеска, од Советот на Општина Охрид, како највисок орган на Општина Охрид, бараме да го надополни дневниот ред со оваа точка и таа, поради итноста, да се разгледува како прва точка на дневен ред. Со цел операционализација на активностите на Општина Охрид и во услови кога гледаме дека раководството на локалната самоуправа несериозно пристапува кон надминување на оваа состојба, ги предлагаме следните заклучоци:
– В.д. градоначалникот Константин Георгиески, веднаш, усно, на самата седница, да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите што настанаа при исплатата на штетите од земјотресите;
– Се задолжува претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на Општина Охрид, со кое ќе го извести Основното јавно обвинителство во Охрид за сомнежите што постојат во однос на исплатата на штетите;
– Се задолжува претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на Општина Охрид, со кое ќе го извести секторот за внатрешни работи во Охрид за сомнежите што постојат во однос на исплатата на штетите;
– Се задолжува претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на Општина Охрид, со кое ќе ја извести Владата на Република Македонија за сомнежите што постојат во однос на исплатата на штетите;
– Се задолжува в.д. градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на Општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Во изминатиот период, додаваат оттаму, до ВМРО-ДПМНЕ пристигнале определени информации, од кои може да се утврди дека постојат многу сомнителни активности со исплатите на проценетите штети предизвикани од земјотресите во 2017 година.
„Како одговорна политичка партија, а сè со цел да ги потврдиме нашите индиции, во согласност со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, до Општина Охрид доставивме барање за информации од јавен карактер, со кое побаравме да добиеме информации за нашите сомнежи и соодветна придружна документација поврзана со случајот.
Од тој момент раководната структура во Општина Охрид почна постапки со цел расчистување на настанатата состојба во однос на исплата на штетите. Од нашите информации, кои се јавно достапни, прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Којзнае колкава ќе беше штетатата на Општина Охрид и буџетот на Република Македонија и какви сè не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем“, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)

