Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните
Владата наместо 1 милион и 300 илјади евра да фрли за промоција на капитулантскиот договор за промена на името, парите да ги пренамени за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово, порача ВМРО-ДПМНЕ.
„Расипништвото на СДСМ нема крај. Наместо инвестиции во проекти и инфраструктура власта на Заев се луксузира и троши милиони на непродуктивни работи. Повеќе од една година се е во застој. 670 – те илјада евра кои власта планира да ги потроши за набавка на цвеќиња, што е неосновано и непродуктивно нека ги даде за набавка на болнички возила и со нив нека купи 15 -тина болнички возила“ се наведува во соопштението.
Од таму додаваат дека наместо за луксузирање и набавка на кафе во износ од цели 55 илјади евра, од страна на владата и градот Скопје парите да се пренаменат за поправка на некоја градинка.
„Со парите кои беа фрлени и безмилосно потрошени за прослава на капитулантскиот договор можеше да се изгради 15 тина километри водоводна мрежа. 350 илјади евра истрошени за набавка на мебел во МЕПСО можеа да се пренаменат за набавка на 3 мамографи за болниците низ државата“ се додава во соопштението.
Власта наместо да троши пари на луксуз, како што порачуваат од опозициската партија, треба да инвестира во проекти од кои граѓаните ќе имаат реален бенефит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

