Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот натпревар со Стојаноски секогаш се базираше на меѓусебно почитување

Со огромно жалење и неверување ја примивме трагичната вест за смртта на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, се вели во соопштение на охридскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека најтрагична од сите е веста за завршување на животот на млад човек кој сѐ уште имал долг пат да оди и уште многу да му даде на светот.
„Господинот Стојаноски заминува прерано од животот на своите најблиски, но заминува прерано и од животот на нашиот град кој пред само една година го назначи за свој прв човек, за татко на градот. Нашиот политички натпревар со Стојаноски траеше повеќе години претходно пред да стане градоначалник. Тој беше член на Советот на општина Охрид во тек на еден мандат. За тој период во кој имаше бројни дебати за важни прашања во кои имавме различни ставови, ние сепак успеавме да изградиме завидно меѓусебно почитување и разбирање“, се наведува во телеграмата со сочувство од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Од таму додаваат дека почитувањето се задржало и во целата една година додека Стојансоки ја извршувал функцијата градоначалник како конструктивен политичар.
„Остануваат прекратени бројните планови кои треба да го движат овој град кон подобро утре. Остануваат со сигурност прекратени и бројни лични цели неповрзани со политиката. Нам ни останува огромното жалење за прерано завршениот живот на нашиот, пријател, сограѓанин и градоначалник. Нека почива во мир и нека му е вечна слава“, се наведува во телеграмата од општинскот комитет на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ковачки: Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, подобри училишта, услови за младите

Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан жител зборуваат за трудот и посветеноста на луѓето кои веруваат во подобро утре. Александар Китански е човек кој ги знае потребите на граѓаните затоа што беше секојдневно меѓу вас, ве слуша, разбира и дејствува. Имавте можност во текот на претходниот мандат да видите дека неговата сила е во тоа што не се плаши од работа, ниту од предизвици. За него, успехот е во тоа колку животи се подобрени, колку семејства имаат подобар ден, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври.
Ковачки посочи дека во изминатите години четири години Китански покажа дека не запоставува ниту едно населено место, градска или селска средина, туку напротив, постојано беше и е на терен со своите сограѓани за од прва рака да ги решава работите.
„И за тоа сме сите тука дојдени за поддршка на Александар и сите сме со една иста желба, да го видиме Пехчево како место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина! Не сме тука за лични интереси, за свои цели, туку за заедничкото добро, развој на нашето Пехчево. Затоа што Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување, подобри училишта и услови за младите. Почитувани пехчевчани, ниту еден успех не доаѓа сам. Сè што се постигнува е резултат на соработка помеѓу граѓаните, општината, советот и владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Само кога сите работиме заедно, можеме да го постигнеме најдоброто за нашето Пехчево“, рече Ковачки.
Со оваа Влада, додаде Ковачки, предводена од премиерот Мицкоски гледаме конкретни резултати, нови улици, подобрени патишта, реконструирани училишта, инвестиции во младите и во спортот, а пензионерите, кои се темелот на нашето општество и на кои им ја должиме државата, ги добија ветените 5.000 денари кои премиерот ги вети во првата година од мандатот, а истите дополнително се зголемија за уште 1.000, а на пролет ќе се зголемат за нови илјада денари.
„Почитувани советници, Советот има клучна улога да биде партнер, поддршка и глас на народот. Пред вас ќе стојат нови проекти, нови предизвици и нови можности. Ако останеме обединети, со иста цел и љубов кон нашиот град, можеме да направиме уште повеќе. Пехчево има иднина кога секој жител верува во заедништво, кога секој дава свој придонес и кога сите чекориме во иста насока, за нашето место, за нашето маало. Да продолжиме со истата енергија, со истата верба и со истата љубов кон Пехчево и Македонија“, рече Ковачки обраќајќи се до идните советници во Светот на Општина Пехчево.
Соопштенија
Атанасовски: Реконструкција на градскиот базен и изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината со многу проекти вклучени во програмата, со јасна визија за напредок, кои вклучуваат изградба на локални патишта како и реконструкција на многу објекти во општината.
„И во изминатите четири години реализиравме стотици проекти, во централното градско подрачје и во сите рурални средини. Денес сме град во кој ги имаме најубавиот спортски комплекс, најубавиот и комплетно осветлен кеј на река Каменичка, првата кула за рана детекција на пожари во државата, нови градски улици, водовод и канализација во секое населено место. Во изградба се десетина локални патишта во руралните средини, а она што ќе остане ќе го изградиме во првата година од новиот мандат. Започната е постапката за целосна реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица и наскоро ќе имаме нов репрезентативен објект“, рече Атанасовски.
Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица истакна дека ќе се реконструира Градскиот базен, но и дека се планира изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица, за раст и развој на општината и подобар живот на сите жители.
„Се насочуваме кон комплетна реконструкција на градскиот базен, кон доуредување на градскиот стадион, санација на сите општински објекти, е изградиме нова општинска зграда, ќе изградиме нов сместувачки и повеќенаменски објект, во непосредна близина на нашите училишта, ангажиравме експерти кои ќе ни подготват трајно решение за хуман третман на уличните кучиња, работиме на подготовка на документација за изградба на Дом за стари лица, за двојно ќе ја зголемиме поддршката за образовните институции и установи, затоа што нашите деца се нашата иднина“, вели Атанасовски.
Соопштенија
Ковачки: Делата на Димче Атанасовски зборуваат сами за себе

Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните. И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.
Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.
„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.
На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.