Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Пропадната банка, над 12.000 инфицирани – доказ за неспособното владеење на СДСМ
Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија истакнуваат дека бројот на заразени од корона надминал 12 илјади лица и потсетуваат дека тоа е 6 пати повеќе од она што го прогнозира министерот Венко Филипче.
„Но, неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона-кризата туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители“, се наведива во партиското соопштение.
Во него се додава дека по изборите, народот ја гледа сметката од, како што се вели, неспособното владеење на Заев.
„Сега граѓаните плаќаат 7,5 % повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозјето е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси што ги донесе власта на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што нагласуваат дека Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Трајанов: Гласај за сигурна победа и убедлив резултат
Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија, вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.
Тој ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заокружувајќи го бројот 9.
„Во Скопје со масовно гласање за Орце Ѓорѓиевски (9), ќе ги победиме деструктивните, непринципиелни и подземни коалиции, кои смислено го парализираа градот Скопје. Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија“, вели Трајанов.
Соопштенија
Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!
По вчерашниот настап на Христијан Мицкоски, кој како што вели актуелниот градоначалник на Карпош „повторно се впушти во празни и очајнички лаги“, Стевчо Јакимовски, остро реагира и му порачува: „Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!“
„Христијан Мицкоски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника.
Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката.
‘Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка’ – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“, пишува во соопштението на Јакимовски.
„Мицкоски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка. А и да му покажев план, што би разбрал од него?
Тој лаже дека дошол да „честита“ победа. Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“.
Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон.
Мицкоски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!
„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник.“
Христијан Мицковки продолжува со лаги затоа што ја чувствува поразеноста, а Карпош одамна го препозна тоа лицемерие. Политика не се прави со закани, молби и лажни сведоштва – се прави со работа, визија и одговорност пред граѓаните“, се наведува во соопштението на Стевчо Јакимовски.
Соопштенија
Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија
Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.
,,Во мојата работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места. Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и уредна средина“, рече Ристов и додаде:
,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.
Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.
,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.
Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.
,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.
Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.
,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.

