Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува македонските евроинтеграции за го оправда штетниот договор

Објавено пред

СДСМ ги злоупотребува македонските евроинтеграции за го оправда штетниот договор што го потпиша Зоран Заев со Грција, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ и додаваат дека договорот што беше потпишан за промена на името е најштетниот договор некогаш потпишан во историјата на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Со договорот што Заев го потпиша со Грција се врши промена на името и на Уставот, се губи македонскиот идентитет, се менуваат јазикот, историјата и националноста. За разлика од СДСМ, македонскиот народ знае дека европски вредности не се барање мито од страна на премиерот, доделување крвави тендери во Министерство за здравство, а ниту тендери и грантови од Фондот за иновации на семејствата на функционери во Владата и врхушката на СДСМ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот народ јасно е определен за ЕУ и НАТО, но нема да го прифати капитулантското дело на СДСМ за откажување од државните и националните интереси, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Проданоски: Марковите Кули ќе блеснат во ново светло

Објавено пред

Од

Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули. Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок. Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн. Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда“, рече тој.

Со паметни интервенции со паметно вложување, додаде Проданоски, само понатаму може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.

„Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат. Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули“, рече Проданоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, во рамки на својата нова програма за работа, најави поставување на три слободни Free Wi-Fi зони на територијата на општината.

dobivaj vesti na viber

Новите Wi-Fi зони е предвидено да се постават во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец, во рамки на европскиот проект EU4Digital, и претставуваат конкретен чекор кон дигитална и поврзана општина која им служи на граѓаните и ја следи современата урбана динамика.

„Со поставувањето на овие три слободни Wi-Fi зони им овозможуваме на нашите жители, студенти, млади и туристи подобра поврзаност и полесен пристап до информации. Ова е само дел од нашата визија за модерен, дигитален Центар, во кој технологијата им помага на луѓето и ја подобрува секојдневната комуникација“, вели Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

Објавено пред

Од

Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица, ветува кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски.

dobivaj vesti na viber

„Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа. Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%. Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија. Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед. Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион1 час

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа2 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет3 часа

Рубио: Мислам дека Израел разбира дека заложниците не можат да бидат ослободени среде воздушните напади

Војната во Газа го оштети јавниот имиџ на Израел, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според Ројтерс, американскиот државен секретар...

Свет3 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа4 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион4 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија13 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија15 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија15 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија15 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион23 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет1 ден

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет1 ден

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија2 дена

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија2 дена

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија2 дена

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија2 дена

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...