Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во коалиција со криминалот
СДСМ е во коалиција со криминалот и го штити, особено кога нивни функционери стојат зад истиот и се дели пленот. Јавноста вчера беше сведок на уште една фарса во режија на Зоран Заев. Во присуство на неговиот адвокат како бранител, градоначалникот шверцер беше ослободен од притвор. Јавниот обвинител, исто како во случајот на Зоран Заев, го преквалификува обвинението. Недостасуваше уште да се извини што му го нарушиле мирот и морале да го возмемируваат додека тој криумчарел. Нормално, кога е партиското обвинителство и судство во прашање, нема испитување на потекло на имотот, нема заплена на истиот, ниту информации со кого контактирал вечерта кога е фатен во криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, вчера партиското судство на СДСМ донесе уште една срамна одлука и го амнестираше градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ, Боро Стојчев, за шверц со цигари.
„Со вакво обвинителство и судство кое работи по партиска команда, никогаш нема да бидат достигнати европските стандарди. Тоа е цената што ја плаќа Македонија за да може Заев и криминалниот картел на власт безмилосно да ја ограбуваат државата и граѓаните. Затоа одговорните за двата скандали тешки 45 милиони евра во здравство и фондот за иновации уште одат на работа, влакно не им фали и имаат можност да ги прикријат трагите“, се вели во соопштението.
Опозициската партија смета дека Заев и СДСМ од судството прават фарса, а институциите што треба да го гонат криминалот во државата служат за одбрана на истиот. Вчерашната пресуда е доволен доказ дека Македонија е заробена држава во која целосно е урнисан правосудниот систем, а обвинителството и судот се под целосна контрола на Зоран Заев и СДСМ.
„Ваквото уништување на правниот систем, Заев го компензира со продажба на највисоките државни и национални интереси. Зад бришењето на сè што е македонско со капитулантскиот договор кој Заев го склучи со Грција се крие општ грабеж во државата. Во моменти кога се брише македонското име, јазик, култура, историја СДСМ се обиде од граѓаните да украде 45 милиони евра пари на граѓаните за само неколку дена. Се краде безмилосно и бесрамно, на најбрутален и најсвиреп начин, а паралелно се распродаваат националните и државните интереси.
Додека милиони државни пари се делат на медиуми, државни и партиски функционери на СДСМ, граѓаните се доведени до питачки стап. Економијата во Македонија тоне, а тоа го покажуваат сите економски показатели. За сето време Тевдовски безмилосно ја задолжува државата со цел исплата на долговите кон партиските послушници, за што цената на крајот ќе ја платат граѓаните.
На ова лудило мора да му се стави крај. Правната држава мора да се врати, а сите оние кои сега се амнестирани од партиското судство на СДСМ, ќе ги стигне правдата и ќе одговараат за криминалот. Ќе одговараат и тие кои ги злоупотребуваат службената положба и овластувањата и се ставаат во заштита на криминалниот картел на власта. Само така Македонија ќе победи“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)

